Ти размислуваше за таблет компјутер и системи на допир многу пред Стив Џобс?, американскиот новинар Чарли Роуз го праша Бил Гејтс во интервју.
„Многу порано.“, одговори основачот на Microsoft, Бил Гејтс. „Mислам дека имаше неколку работи кои ги направивме поразлично за да стигнеме до критичната маса. Тоа што го гледате сега е феномен каде кога имате уред со критична маса, добивате апликации напишани со цел да го искористат тоа, и добивате пристап до хардвер кој ќе ја намали цената.“
Бил Гејтс и Microsoft претставија таблет компјутер уште во 2000 година. Објавија Windows оптимизиран за овие уреди во 2005-та година, а Lenovo дури и направи продукт. Но, ништо од тоа не се реализираше како што треба. Пет години подоцна, во 2010 година Стив Џобс и Apple го освоија мобилнот пазар со iPad.
Според г. Гејтс, проблемот лежи во времето кога тој уред е објавен, но и во дизајнот.
„Тој [Стив Џобс] направи неколку работи подобро од нас. Неговиот тајминг во смисла кога го објави уредот, инжинерската работа, целиот пакет кој беше составен. Таблет компјутерите кои ние го правевме претходно не беа толку тенки, ниту беа толку атрактивни како тие што се појавија.“
Но, тој додаде дека Microsoft нема да се откаже од битката за потенцијалниот пазар, туку дека ќе го промени со Windows 8 и најавените таблет компјутер Microsoft Surface.







