Доаѓа време кога полицијата ќе почне да дејствува проактивно спречувајќи го криминалот пред истиот да се случи. Ова може да биде забрзано од софтверот на стартапот PredPol кој анализира податоци од неколку години и статистички ја покажува локацијата за најголема веројатност на криминал. Картата на реонот е поделена на квадрати 150х150 метри и ова озвозможува да се реагира во релативно мали зони каде е лоцирана опасноста.
Според истражувањето, промената на реоните каде е зголемено полициското присуство, но и промена на патиките по кои патролираат допринело за 25 процентно намалување на криминалот во Лос Анџелес. Намалувањето се должи пред се на идентификување на зоните со највисок ризик од обивања на станови и кражби на автомобили.
Според антропологот Џеф Брантингам, кој е ко-основач на PredPol, софтверот ги лоцира зоните два пати подобро од „колегите“ криминалисти . Откако ќе се лоцираат зоните, физичкото присуство на полицијата ги обесхрабрува провалниците и крадците.
Иако скептиците се сомничави во поглед на анализите на софтверот, без разлика дали резултатите се поради точните предвидувања или поради пократкото време кое полицијата го поминува на состаноци во кои се договараат реоните за патрола, системот функционира. А загубата и не е така голема со оглед на тоа дека според г. Брантингам криминалистите се само 3 пати поуспешни во селектирањето на реоните од случајниот избор. Моментално системот се користи во 7 зони во Лос Анѓелес, но ако се докаже ефикасноста нема причина да не се прошири низ останатите градови.
Лос АнЏелес