Тwitter ќе ви дозволи да си креирате персонализиран тајмлајн според тема или хаштаг

0 коментари 1 мин. читање

Сервисот за микро-блогирање најави дека твитерџиите ќе можат да си креираат персонализиран тајмлајн според теми и хаштагови. Twitter ќе го отвори и своето API за да може програмерите да ја понудат оваа фунцкионалност во своите апликации. За почеток можноста за креирање персонализиран тајлмајн ќе биде достапна само преку TweetDeck клиентот. Aко се покаже како корисна функционалност, ќе биде додадена и на другите мобилни и веб апликации.

Twitter вели дека „денес претставуваме тајмлајн кој ќе ви даде поголема контрола“ во организирање, следење и објавување на твитовите. Налик на правење листи, корисниците ќе можат да си изберат кои твитови да се појавуваат во јавниот тајмлајн кој ќе може да се креира рачно или автоматски според интересите, темите и хаштаговите. Целта е да се дојде до најрелеватните твитови за корисниците. Пример за персонализиран тајмлајн е Twitter Music, во кој се прикажуваат твитови од популарни музички артисти.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед