Безбеден град: Околу 100 камери на МВР ќе ги набљудуваат скопските улици

2 коментари 1 мин. читање

Безбедносните камери поставени низ улиците во Скопје од денес започнуваат да снимаат, откако претходно стоеја скоро две години неактивни. Овие камери стартуваат денес како дел од проектот „Безбеден град“ по повод 7 мај – Денот на полицијата, пишува Дневник.

Има околу 100 камери поставени на најфрекфентните места, и на влезот и излезот на Скопје. Некои камери се свртени само во една насока, а некои можат да се вртат за цели 360 степени. Целта им е да му озбезбедат на МВР поддршка за полесно справување со несреќите, за полесно да ги открие тие што ги прекршуват правилата, но и за анализа на густината на сообраќајот што ќе помогне да се наместат семафорите подоборо за поефикасно движење.

Снимките се обработуваат во оперативниот центар на МВР, кои конечно, по две години откако ги набавија камерите, го добија и софтверот кој е потребен за набљудување и обработка на податоци. Сите камери и снимки се поврзани со еден систем. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полицијата може да ги чува снимките до шест месеци, освен ако не се потребни за кривични или прекршочни постапки.

Казните за прекршоците фатени со камерата ќе стигнуваат на домашна адреса.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top