ИТ настан: Европски БЕСТ инженерски натпревар

1 коментар 1 мин. читање

На Европски БЕСТ инженерски натпревар, кој се одржува на 9, 10 и 11 мај, студентите ќе можат на креативен и иновативен начин тимски да решаваат инжинерски проблеми. Настанот ќе претставува добра можност за студентите да се претстават пред компаниите кои ќе се присутни, и да воспостават директен контакт со нив.

Учесниците на овој натпревар работат во тимови од по 3 членови во три различни категории на натпревари: Team Design, Case Study и IT Competition. Овој тридневен настан ќе се одржува на Електротехничкиот факултет во просториите на ФЕИТ и МФС.

На напреварот учество може да земат сите студенти на техничките факултети при унверзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Заитересираните студенти своите тимови можат да ги пријават на веб страната на настанот best.org.mk/ebec или во студентската оганизација.

Настанот е организиран од БЕСТ, Бордот на европски студенти по технологија како непрофитна и неполитичка организација која опстојува во преку 30 земји ширум Европа.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top