Ние сме сега свет без SOPA и ACTA, вели евро-комесарката за Дигиталната агенда на ЕУ, Нели Крус во својот берлински говор.
ACTA, интернационален трговски договор за борба против пиратеријата и фалсификатите коj бараше провајдерите да ги следат корисниците, моментално се наоѓа пред Европскиот суд за правда кој ја проверува легалноста на договорот, пред истиот да биде даден на Парламентот за гласање. Но, според подеталните анализи се чини дека договорот нема да помине. Tоа сега го признава и евро-комесарката Крус.
Според г-ѓа. Крус, протестите кои го следеа потпишувањето на контроверзниот договорот беа еден вид „будење и мирисање на розите“.
„Видовме како илјадници луѓе се спремни да протестираат против правила кои за нив ја спречуваат отвореноста и иновацијата на Интернетот.“, вели евро-комесарката Крус, и додава: „Ова е нов политички глас. И како сила за отвореност, јас го прифаќам, иако не се согласувам секогаш со се што вели на секоја тема.“
Таа во својот говор за интернет слобода вели дека мора да се најдат решенија за Интернетот да остане слободно место, отворено и иновативно за сите граѓани, не само за техно-авантгардата. Но, исто така не смее да се заборави и на криминалците кои ја злоупотребуваат таа отвореност, и затоа треба да има одредени правила и безбедносни мерки.
RT @eu_commission: @NeelieKroesEU on #netfreedom. Why it matters:why must protect it:& how we’re doing that. europa.eu/rapid/pressRel… #rp12
— Neelie Kroes (@NeelieKroesEU) May 4, 2012