(Oва е пост на Дарко Булдиоски од New Media MK и организарот на AllWeb.mk, престојната конференција за дигитален маркетинг на која ќе гостува Михаел Шулц. Постот првично е објавен на AllWeb.mk, и реобјавен со негова дозвола)
_____________________________________________________________________________
За да го претставиме нашиот следен говорник кој ни доаѓа од Берлин се одлучивме всушност да преведеме (и адаптираме) едно интервју кој Михаел го дал на почетокот на оваа година за AdWeek. Да, го претставуваме Михаел Шулц или попознат како @berlinstagram. Тој во ова интервју зборува за маркетингот преку влијателни интернет корисници и за неговото искуство во таа насока.
Шулц има скоро 500 илјади следбеници и практикува т.н. улична, урбана фотографија. Досега има работено директно на самостојни кампањи со брендови како Levi’s, Adidas, Absolut, Uber, Samsonite и други. Како еден од говорниците на овогодинешниот AllWeb, што ќе се одржи на 13 ноември во Скопје, Шулц со присутните ќе зборува за различните модели, концепти и механики за водење на успешна кампања и комуникација на Instagram.
„Член сум на Instagram заедницата уште од 2010 година и многу брзо станав еден од најпрепорачаните корисници само преку објавување на креативна и интересна содржина што беше органски привлечна“, вели Шулц.
Не ги мешајте бројките со влијателноста
Бројките лажно ја претставуваат вашата влијателност. Како член на Instagram заедницата за повеќе од четири години, Шулц се посветил на визуелни кампањи, кои резултираат со win-win ситуација за брендот и Instagram публиката.
„Се обидувам да ја разбудам фантазијата на мојата публика со фотографии и приказни кои воодушевуваат, а во исто време се обдувам да го зголема експонирањето на брендот кој го промовирам и да му обезбедам зголемен директен фидбек и достапност. Верувам дека кампањите на брендовите може да ја поттикнат креативноста на заедницата, но само со органски ангажман и релевантни иницијативи“.
Многу влијателни (Influencers) се во брзање да добијат што повеќе следбеници по секоја цена, но овој трик нема да ве доведе далеку со брендовите, кои можат да направат јасна разлика помеѓу публика и влијание. Нивната главна цел е да ги доведат потрошувачите поблиску до моментот на купување, така што вашата цел треба да се фокусира на создавање на квалитетни содржини, разбирање и ангажирање на вашата публика – само тогаш вашето влијание ќе расте, а со тоа и вашата публика.
Работете со брендови кои највеќе му одговораат на вашиот личен бренд
Откако ќе ја изградите својата публика и влијателност, брендот ќе чукне на вашата врата – но многу е битно да внимавате на кого ќе изберете да му ја отворите вратата. „Јас сум многу внимателен во поглед на брендовите со кои избирам да работам, и работам само на кампањи кои знам дека добро се вклопуваат со мојот личен стил на брендирање. После се, ова е сложена врска – а не уличка која води во една насока“, вели Шулц. „Еднаш работев на кампања за Европски автомобил и добив некои негативни повратни информации од моите следбеници, што ме научија важна лекција: Без разлика со колку брендови работите, вашиот профил и пристап е вашиот личен бренд, и вашите односи се оние кои ја дефинираат вашата репутација и личен углед“.
Борете се за вашето право на креативност
Понекогаш брендовите може да се заплеткаат во намерата да се рекламираат на Instagram, и како резултат на тоа да потфрлат во креативноста. Михаел изгради силна врска со својата публика преку креативни и привлечни кампањи, и му беше важно да се бори за да го задржи тоа. „Првично, јас бев против промовирање на мојот Instagram профил, но се премислив кога сфатив дека има простор да се биде креативен“, истакнува Шулц. „Видов можност да го инкорпорирам мојот карактер и експертиза во Инстаграм промоциите, наместо само да објавам слика од производот“.
Создади концепти кои природно се вклопуваат во заедницата
За фото кампањата на Generator Hostels, Шулц создаде оригинален хаштаг, #WHILEINBETWEEN, да ги поттикне инстаграмџиите да споделат фотографии додека патуваат од местото на поаѓање до нивната дестинација, и обратно. Тој ги поттикна вработените во Generator Hostels да споделат слики од градовите, фотографии од настани, фотографии и снимки од зад сцената и фотографии од вработените, што овозможува публиката да сфати колку е инволвиран самиот бренд во целата кампања.
„Фото-натпреварот доби експлозивен старт, на луѓето многу им се допадна темата и веднаш почнаа да создаваат и тагираат фотографии. Во рок од еден месец, на фото контестот беа генерирани над 5.000 пријави и профилот на клиентот порасна од 1.500 до 4.000 следбеници. Победничката, без да биде натерана, дури и објави свои фотографии напоменувајќи дека уживала во нејзиното искуство на настанот. #WHILEINBETWEEN Хаштагот стана толку вообичаено користен што Шулц одлучи да отвори посебен профил наменет за омилените фотографии на публиката“.
Она што го направи нашиот натпревар толку успешен е темелното истражување на примарниот фокус на клиентот, моменталниот прилив на содржина и идентификувањето на клучните сегменти од слични кампањи, рече Шулц.
„Безброј брендирани фото натпревари на Инстаграм не успеваат, едноставно затоа што тие се вештачки наметнати и не се прифатени од страна на Инстаграм заедницата. Многу брендови и агенции немаат сознанија за карактеристиките на Instagram. Тие не сфаќаат дека корисниците не сакаат да ги споделат и објават своите фотографии само за да освојат нешто, бидејќи идентитетот на социјалните медиуми е всушност нивниот авто-портрет. Да се спроведе успешен фото конкурс, најважно е да се идентификуваат постојните трендови во рамките на социјалните мрежи и да се потпреме на нив. Со вистинското знаење и стручност, можно е да се создаде БУМ на Instagram и да се постигнат огромни резултати“.
Дали вреди?
„Кратко ќе одговорам: да!“, истакнува Шулц. Сепак, тој се согласува дека за да дојдеме до точката да живее само од Инстаграм пред се благодарение на својата влијателност е макотрпна работа. Можно е само ако сте конзистентни, постојани, отворени за соработка и највеќе од се креативни. „Добар influencer e оној кој е способен да создаде добра содржина, неговиот главен фокус е целта на кампањата, се грижи да обезбеди добра кампања и да го направи својот клиент среќен. Она што го прави нештото вредно за мене е всушност поврзување со брендови кои ми значат на некој начин, што всушност создава заемна корист“.
(АllWeb.mk е закажана за 13 ноември во Скопје. Повеќе детали за настанот и влезниците ќе најдете на официјалниот сајт)