Македонскиот ИТ проблем именуван како „Disposable asset problem“

во ИТ.МК, Статии

(Овој пост беше првично објавен на Medium од Горјан Јовановски, дипломиран ИТ студент на ФИНКИ кој од неодамна беше примен на факултет во Амстердам. Текстот го реобјавуваме со дозвола од Горјан, не затоа што се согласуваме со неговото мислење или не, туку бидејќи постот привлече доста внимание на друштвените мрежи и отвори дискусија за како до подобро ИТ општество)
__________________________________________________________________________________

Сакам да ви раскажам приказна за мала балканска земја која се соочува со огромен ИТ проблем. Македонија е мојата земја, и Македонија е место во кое се сомневам дека ќе работам некогаш.

Земја со голема ИТ заедница

Tие зборуваат за неа во вестите, вистина е. Македонија е земја со голем ИТ талент. Компаниите од ширум светот отвараат канцеларии во Скопје, и вработуваат студенти директно од универзитетот. Frontend, backend, QA, за мобилни, што и да посакате, ние го имаме. Всушност, ние имаме толку многу, што започна да ни претставува проблем. Јас дипломирав на насоката Компјутерски науки и инжинерство оваа година, и се преселив во Амстердам. Зошто? Јас можев да најдам работа во Скопје без проблем. Веќе имав неколку пракси во различни компании за време на моите студии, и верувам дека тие ќе ме примеа назад. Но, се преселив поради проблемот кој го нарекувам „disposable asset problem”.

Имање премногу од нешто никогаш не е добро

Во моментов има 700 студенти во мојата генерација кои учат ИТ. Тоа е само моја генерација, и мојот универзитет. Собери ги 4-те генарации од кога проблемот постои, и веќе имаш 2.800 квалификувани ИТ инжинери. Тука не ги земам в предвид генерациите кои учат ИТ на други универзитети, ниту генерации пред да се отвори специјалната ИТ програма.

Тука се појавува проблемот. Немаме воведен испит, и тие ќе прифатат скоро секој во програмата, без врска колку лоши резултати имаат на средношколските тестови (слични на SAT). Собите се преполни, професорите и асистентите не можат да им посветат еднакво внимание на сите, и едукациската програма е небалансирана бидејќи имаме луѓе со програмерско искуство, и луѓе кои не виделе ништо повеќе од Facebook на компјутер.

Macedonia’s IT problem

Вработување и плата

Oх, има куп отворени места за работа, сите со одлична плата од 300 до 400 евра. Ако сте среќен можете да стигнете до 500 евра за неколку години. Сега, можеби луѓето ќе се расправаат дека таа плата е нормална за македонски стандарди, и затоа би ви дал споредба. ВоХоландија, има нешто што се вика high-skilled migrant (луѓе надвор од ЕУ за кои се смета дека поседуваат вештини кои се бараат на пазарот на трудот, како ИТ). Компанија која вработи вешт мигрант мора да му плаќа месечно 3.071 евра (без додатоци за одмор) ако личноста е под 30 години, и 4.189 eвра ако тој е над 30 години или постар. Да земеме во обзир дека треба да платите 42 отсто од данок на таа плата, што не остава со 1.781 евра, или 2.429 евра. Тоа е шест пати повеќе од платата дома. Ако го калкулирате и трошоците за живот така што е двојно поголем од Македонија, вие сепак сте далеку поуспешни работејќи ја истата работа со исти квалификации.

Disposable Asset Problem

Но, да кажеме дека и со лоша плата, вие сепак ќе најдете работа во ИТ. Не треба никогаш за заборавите дека ИТ работниците можат лесно да се заменат во Македонија. Наместо да се гледа на нив како на драгоцени работници, има толку многу други што „можат“ да ја работат твојата работа, што компанијата може лесно да ги смени. Забележавте дека има наводници пред зборот ‘можат’. Тие симблизирираат дека има многу луѓе што велат дека можат да ја работат вашата работа. Дури и тоа да не е вистина, работодавачите ја добиваат погрешната слика за широкиот спектар на бесплатни инжинери. Затоа размислете два пати пред да се жалите.

Има исклучоци, нови компании кои отвараат канцеларии во Скопје и се однесуваат кон вработените со почит и плата која ја заслужуваат. Но тие се во ограничен број, и повеќе и повеќе од другите компании кои веруваат во „евтина снага“ се појавуваат, искористуавајќи неискусни студенти што се подготвени да направат се за било која сума на пари, само за да работат во нивната професија (нешто што во македонија не е вообичаени, понекогаш може да најдете ветеринар да работи во супермаркет, или адвокат да пере коли). Да, имаме многу аутсорсинг компании, но помислите за тоа, дали аутсорссинг компаниите доаѓаат кај нас бидејќи имаме евтина работна рака? Дали сакаме да бидеме познати по тоа?

Дали има решение на повидок?

Да, и иако нема да го реши целиот проблем, за мене е сепак почеток. Треба драстично да се ограничи бројот на ИТ студенти. Кога имате 50-100 студенти годишно што студираат ИТ, тие ќе имаат квалитетна едукација, ќе бидат тренирани за вистински вештини, ќе добијат квалитетни позиции после дипломирањето, и ќе бидат почитувани повеќе, бидејќи не можете само да исфрлите девелопер и да најдете нов за една недела. Платите ќе се покачат, луѓето ќе сакаат да останат и работат во Македонија, и можеби, само можеби, ќе ги задржиме младите внатре во границите на нашата земја.

UPDATE: Ок, можеби ова е премногу едноставно решение за голем проблем, како што некои [во коментарите на постот на Medium] објаснивте. И тоа е точно, има многу причини зошто луѓето сакаат да работат надвор, и јас пишувам само за една од нив. Но, како што јас гледам на работите, имањето 700 студенти годишно (оваа година ќе се зголеми на 930), тогаш едукативната програма не може да се промени за да ги покрие интересите на сите. Имате луѓе кои програмирале пред средната школа и се обучиле себеси, и луѓе кои прв пат доаѓаат во контакт со компјутери на факултет. Оваа разлика влијае врз квалитетот на образованието, бидејќи сега се фокусира само на тие со помалку искуство, и луѓето кои имаат претходно знаење, се оставени да работат на свои проекти, да одат на пракси или да наоѓаат други начини како да си го унапредат образованието. Штом се намали бројот на студентите (преку подобра селекција при уписи) тогаш ќе имате програма со висок квалитет, кој ќе покрива релевантен материјал.

Заклучок

Ова е моето гледиште, и можеби е погрешно, бидејќи има повеќе проблеми што го предизвикуваат и овој, и не можам да кажам дека сум најискусниот човек во македонскиот ИТ сектор. Би сакал да чујам мислење од вас, ако се сложувате или не, или ако мислите дека има друга причина за проблемот.

(Дискусијата на темата може да ја продолжите на оригиналниот Medium пост)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
14 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
сашко
сашко
10 years ago

Оваа твое гледиште СИГУРНО е погрешно, бидејќи е многу себично. Аkо сакаш голема плата иди и работи во Амстердам другарче, никој не те спречува. Тие што сакаат да учат и работет ИТ во Македонија остави ги да учат и да работат во Македонија.

Камо среќа кај нас наместо 49% од работна сила што ние со недовршено средно образование, истите да се ИТ инжињери. И не би работеле за 30 ден саат него за 250 ден саат, нели другарче и Македонија ќе биде многу посреќна држава.

И погледни и од другата страна, вработиш ИТ експерт како тебе, и он сака 3000 еур плата како во Амстердам нормално, а тој три месеци форма не може да пушти, и се жали на мобинг.

Главен проблем не е број на ИТ студенти, него универзитетска програма која многу малку обрнува внимание на иноваторство. Аdded value, my friend, тоа и фали на Македонија.

Viktor Dano
10 years ago
Reply to  сашко

Коментарот ти е едитиран, избришани се личните навреди.

Анонимен
Анонимен
10 years ago

Текстов нема врска со реалноста. Некој се нафурал и сегга плука. Се согласувам со другите коментари, не би додал ништо само сакав да искоментирам колку не ми се допаѓа.+1

Анонимен
Анонимен
10 years ago

Напротив. Во фирма во која работам имаше замерка од менаџментот од странство дека Македонија има недостаток на ИТ кадар. Да дојде некоја поголема фирма во Македонија нема да може да пронајде доволен број на соодветен кадар. Замисли Oracle да отвори развоен центар и да бара 4000 вработени. Кај нас моментално бројот на вработени во фирма не достига повеќе од 500 луѓе.
Немој да објавувате вакви постови во кои ќе идете против ИТ заедницата кај нас.

Viktor Dano
10 years ago

Ок, но ајде да се вратиме во реалноста. Јас не се согласувам со Горјан, иако има неколку важни поенти.
Мислам дека има две клучни работи со твојот аргумент 1) Каков кадар бара твојот менаџмент? Високо вешти или евтини студенти што ќе grind. 2) False аргумент. Oracle никогаш нема да дојде во Македонија со канцеларија од 4000 вработени. Нема зошто да си замислуваме хипотетички ситуации. А замисли Македонија да имаше 200 милиони жители?

Мартин
Мартин
10 years ago
Reply to  Viktor Dano

Се сложувам со – анонимен. Многу работи се базираат на предпоставки, експерименти и тн. Немора да значи дека ке дојде Оракл, може да дојде некоја компанија или две помали што ке бараат голем број на ИТ кадар. Што тогаш? Јас сепак мислам дека поголеми се шансите да дојде некоја Голема Компанија, него да имаме 200мил жители. А што се однесува до постот, тоа е персонално гледиште без доволен број информации и не гледам ниту една клучна поента. (мое мислење).

Joco
Joco
10 years ago

backhand = backend ALOOOO !!!

Viktor Dano
10 years ago
Reply to  Joco

Тоа е моја грешка, на преведувачот.

Roktiv
Roktiv
10 years ago

Moze da se iskometira ako vo Holandija zimas ti plata 3000 od toa danok stan nekoj 500e za prevoz vajgda ke platis i za jadenje koa ke vidis rabotis za 500e mesecno da zastedis daleku od se i ne taka neso sjano.

Марјан
Марјан
10 years ago

-И замисли навистина да примаа 50-100 студенти, и баш тебе да не те примеа по некоја случајност.Не ми е поентата да те навредам, ама ете баш тие што појма немаат од ИТ,по некоја случајност испаднале пред тебе. Тогаш ќе имаше пост за тоа дека требало повеќе да примат, ама не повеќе од твоето рангирање.ако беше на листа 185, ќе речеше дека треба да примат 200. ако беше 680 , ќе бараше 700.
-Дали онака имаш претстава колку странски и наши ИТ фирми оперираат во скопје? без разлика на нивната дејност(outsource или свој продукти). Претпоставувам ти е познат терминот понуда/побарувачка од што зависат многу работи како на пример платата.
-Кажуваш нето плата во МК 500е (750 бруто) , а бруто во нл 3000е (која нето е 2000е). Ќе се сложам дека изгледа огромна разликата. Да ти кажам една тајна сега. Во МК има фирми кои плаќаат плата над 1500е(бруто ко во нл) , и неколку има што плаќаат и 2000е(пак бруто).Со 33% придонеси, а не 41% ко во НЛ , пресметај сам нето. Ама да, и таа да речеме е пак помала плата. Знам. Кажи колку се плаќа за стан што во скопје се плаќа 250е(околу 50-60м2,наместен,толу беа пред некое време, сега не знам) , и исти таков во амстердам. Или ти плаќаш 400 евра за некоја дупка негде далеку на 40км од работата. Па и во ск оди во илинден да речеме, ќе плаќаш 50-100евра.Можеш и куманово за уште поефтино. Сакаш да продолжам за цените на другите работи како храна и слично?

М.А.
М.А.
10 years ago
Reply to  Марјан

Има и со 2к нето.

Марјан
Марјан
10 years ago

-Пробувам да ти ја сватам поентата што сакаш да ја кажеш, ама едноставно не можам. Споредуваш работи, а многу клучни работи скриваш. И фала богу твојот пост изгледа апокалиптично, а всушност врска нема.
-Единствено што можам да заклучам е дека ти си нешто нафуран од мк(нешто ти смета,можда лошо работно искуство со некоја фирма,можда корпа си јадел,можда политикава), па сега замина и плукаш по се што ќе стигнеш. Како и да е, ти си знаеш.А кога ќе сватиш вистински каква е холандија, и дека таму не тече мед и млеко, тогаш ќе се вратиш за да го избришеш постов.
-За останатото од текстот, стварно не знам што да ти речам, еве другиве нека коментираат

Gorjan Jovanovski
10 years ago
Reply to  Марјан

Воошто не сум изнервиран од државата па од тоа да е мотивиран постот (за политичката тема има новели за пишување нели :D). Едноставно во ова верувам како некој што гледа колку луѓе се запишуваат на ИТ факултети зошто тоа сега е „ин“. Како порано кога ако не знаеш каде се идеше на економски, тоа сега се случува на ФИНКИ. И ако е коректен приемниот испит и да не ме одбрале мене, сигурно немаше да се жалам, зар треба да се жалиме на MIT или Оксфорт или Кембриџ што не примаат повеќе зошто секако и таму сакам да идам :)
Златни случаеви сегде можеш да најдеш, затоа не реков дека се е така тмурно. Има фирми што супер плаќаат, има такви и за кои воопшто ништо не знаам, но ова е сума сумарум од тоа што го имам чуено од полно луѓе во ИТ сферата, и нешто што и јас мислам дека е така. Бројки може да споредуваме колку сакаш, ама зошто луѓе преферираат да си одат ако имаат такви опции и дома? (ок, може други фактори влијаат тука да)
И криво ми е Македонија да е позната како outsource земја со ефтина работна сила, кога ИТ треба да е доста вреднувана професија.

Марјан
Марјан
10 years ago

Вака, не можеш на некој да му го ограничиш правото да студира тоа што сака заради тоа што ти така мислиш. Муабетот беше баш за тоа. Ако вистина квотите беа толку мали, многу бистри дечки што по некоја случајност имале по некоја 4ка во средно, немаше да можат да се запишат ради некој со сите петки, а реално ИТ не им било љубов, туку баш ко што рече, демек е "in". На крајот на краиштата секој треба да добие шанса ако сака, а ќе успеат само тие што многу се трудат вистина да ја сватат филозофијата позади ИТ.
Миграцијата од едно место до друго зависи од многу фактори,и тој е светски тренд. Прашај таму пријатели холанѓани дали сакаат да останат таму. Сакаш да знаеш што одговор ќе добиеш? Повеќето сакаат Америка,Австралија. Нема да елаборирам зошто. Истото е и во Шведска. И сега тоа значи дека овие земји не ги бива ?
Македонија е позната по ефтина работна сила од надвор, ама кога ќе дојдат фирмите, сваќаат дека не било така.Едно е завод за статистика, друг е ИТ вк МК. За брзо време сваќаат дека нема да најдат саглам инжењер за 500е.И границата постојано се подигнува. А тоа дали некој што го бива ќе работи за 300е, тоа е личен избор. Е сега дали ќе се потруди за да стигне до 1500е, то е друго.
Стварно не знам какви луѓе ти збореле, ама мислам дека гледаш според коментариве дека не е баш така. Прошири го аголот на погледите. Ајде млад си, ќе научиш :)