2 коментари 1 мин. читање

Backstit.ch – вашиот личен веб со сите ваши секојдневни извори на информации

Наместо префрлувањето од таб во таб или листањето на вашиот RSS фид на Google Reader или некоја друг алатка, Јордан и Стефани Варзеча го измислија Backstit.ch – вашиот личен веб. Backstit.ch е стартап базиран во Детроит и е еден од тие што спаѓаат во групата „powered by the design“. Стартапите кои спаѓаат во таа група ги зимаат информациите и ги организираат во една пристапна и добра околина.

Но, Backstitch не се заснова само на дизајнот. Се разликува од другите агрегатори на информации, по тоа што во позадина има систем кој ги распоредува информациите во различни категории. Знае да препознае дали се работи за статија, слика, или некој продукт.

Во моментот се бараат тестирачи кои ќе им помогнат да ја подобрат својата приватна бета апликација. Можете да им пишете на [email protected], а во продолжение погледнете го видеото како сето тоа би функционирало.

[youtube]F_RFrAg_Bc0[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top