2 коментари 1 мин. читање 17 септември, 2012

Shazam станува ТВ сервис, сега ги препознава актерите од популарните серии

Shazam, апликацијата која ги препознава песните кои ги слушате, најави дека се подготвува да стане и телевизиски сервис. Компанијата вели дека 250-те милиони корисници сега ќе можат да го отворат Shаzam, да кликнат на големото копче и да добијат информации за актерите, режисерот и музиката од серијата која ја гледаат. Прикажаните информации ќе бидат извлечени од архивата на IMDB.

Апликацијата сега ќе препознава и спортски настани и да прикажува резултати веднаш на телефонот, иако ова е малку непотребно кога се гледате натпревар на телевизор бидејќи нели го има резултатот на екран, но е добро кога се следи натпреварот на радио.

Сепак, Shazam оработува со 160 партнери од САД, па најверојатно апликацијата нема да ги препознае сите серии и натпревари кои ги има на македонските телевизии. Посебно не турските серии.

[youtube]BJzCyaE6eKQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@davcevski
13 years ago

Го очекував овој потег уште првиот пат кога дознав за апликацијата. Само мислев ќе направат уште една нова апликација. Али вака подобро, се во едно! Ме густа

Стефан
Стефан
13 years ago

Некако ми се чини дека ќе ја зезнат апликацијата со овој чекор.

Мени
Заедница
Изглед
To top