Нејтан Мајхрволд смета дека богатите треба да ги финансираат иновациите

во Свет

Бившиот директор за технологија во Microsoft, Нејтан Мајхрволд, апелира до богатите ширум светот да направат нешто добро за него и да финансираат различни истражувања. Една од личностите, наместо своите пари да ги троши на јахти или во казино, богатството што го има стекнато го користи за општото добро. Тој со уште неколку инвеститори ја има формирано компанијата TerraPower, а ја истражува можноста за изградба на нов вид на нуклеарен реактор (TWR – Traveling Wave Reactor).

„Доколку некој од нас (мислејќи на богатите) се потруди да започне со решавање на енергетските проблеми, еден или двајца од нас сигурно би успеале. Но, доколку никој не се обиде, сите сме неуспешни“, вели г. Мајхрволд за Technology Review.

„Верувам дека светот мора да се насочи на нуклеарната енергија. Надоаѓачката енергетска криза, ќе не присили повторно да го разработиме наичнот на кој функционира нашата енергетска економија. Тоа веќе се случи во 19-ти век кога со дотогаш невидена брзина, се префрливме од греење на дрвја, на плин и нафта. Во 20-ти век немаше потреба од такви промени, но видливо е дека во 21-от век повторно ќе се прави голема промена.“ додава тој.

Тоа што тие го нудат со TerraPower е начин на добивање енергија која не произведува дополнителен јаглерод и не создава елементи кои може да се искористат за изработка на нуклеарно оружје. Но пред нив имаат огромен број на предизвици – научни, инженерски и над сите – политички. Времето кога е потребно да се развие еден нуклеарен реактор и дозвола за него е толку долга, што би го обесхрабрила секој нормален бизнисмен.

Според Мајхрволд, луѓето што стигнале до пари купуваат скапи автомобили за да му покажат на обичниот свет дека тие се толку успешни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk