Возилото на Tesla кое минатата недела беше дел од фатална сообраќајна било управувано од автоматски пилот. Незгодата се случи на 23 март во Калифорнија и од здобиените повреди загина 38 годишниот возач на возилото. Tesla излезе со сооопштение за настанот.
Here is the scene on Highway 101S in #MountainView where a #Tesla caught on fire pic.twitter.com/ksnidlFgsw
— Dean C. Smith (@DeanCSmith) March 23, 2018
Возилиото удрило во заштитната ограда помеѓу лентите кои ги разделуваат возилата кои се движат во спротивни насоки. Возачот брзо по удирот им подлегнал на повредите, јави BBC.
За жал, веќе помалку традиционално за овие незгоди е дека возачот не ја преземал контролата врз возилото. Овој пат Tesla објави дека возачот имал барем 5 секунди и 150 метри, да ја преземе контролата врз возилото.
Она што останува нејасно е дали автопилотот на Tesla ја забележал оградата која ги разделува лентите.
Ова не е прв пат да загине жртва во возило управувано од автопилот на Tesla. Претходно сообраќајната незгода беше предизвикана од недоволните сензори кои Tesla ги користеше во возилата. Овој пат се чини дека ќе дознаеме дали вештачката интелигенција е причина за грешката.
Секако сообраќајните незгоди се поатрактивни како вест, па почесто се појавуваат на првите страници. Tesla објасни дека и претходниот модел на автопилотот ја намалува опасноста од сообраќајна незгода за 40%. Од тогаш автопилотот е значително надграден.







