Минатата недела, донесе нови возбудувања и интересни вести од светот на хардверот. Од проблеми за Tesla и нивните Cybertruck возила, преку Google Pixel 9а и најновиот 2nm чип на iPhone 18, па сѐ до новите паметни часовници на основачот на Pebble и импресивните способности на роботот Atlas.
Проблемите на Tesla продолжуваат
Продолжува падот на акциите на Tesla. Акциите на компанијата сѐ уште немаат неделен раст откако на изборите во САД победи Доналд Трамп.
Акциите на Tesla доживуваат значителен пад поради неколку причини. Поради мешањето на Елон Маск во изборите во Европа и реакцијата на купувачите, продажбата на Tesla бележи намалување. Тука е и кинескиот конкурент BYD, кој претстави технологија за брзо полнење. Според ветувањето на кинеската компанија нивните возила ќе се полнат за 5 минути.

Политичките ставови на Илон Маск предизвикуваат негативни реакции кај дел од потрошувачите, што влијае и на продажбата. Дополнително, инвеститорите се загрижени поради времето кое Маск го посветува на DOGE, наместо на Tesla. Дури и досегашните поддржувачи на Tesla на Волстрит почнуваат да ја критикуваат компанијата. Поддршката за Tesla доаѓа од дел од власта. Доналд Трамп е еден од најгласните поддржувачи на компанијата, но прашање е колку е етичка оваа поддршка. За жал дури и оваа поддршка не влијае на акциите.
iPhone 18 ќе доаѓа со 2nm чип
Новиот iPhone 18 ќе доаѓа со нов 2nm чип, тврди Минг-чи Куо, кој вообичаено е точен со предвидувањата поврзани со производите на Apple. Новиот чип ќе биде произведен во погоните на TSMC. Производителот во моментот како чипови успева да произведе 60 до 70 отсто од парчињата силициумски вафер.
Reiterating my prediction from six months ago: the 2H26 new iPhones (iPhone 18) will be powered by TSMC’s 2nm chips.
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) March 22, 2025
Worth noting, TSMC’s 2nm R&D trial yields reached 60–70% three months ago, and they’re now well above that. https://t.co/ZoWXFqfUnS
Префрлањето од 3nm на 2nm ќе овозможи повеќе транзистори во чиповите, што секако значи и подобри перформанси. Покрај ова предвидувањата се дека новиот чип ќе биде 30 отсто поштедлив од A19.
Сепак, iPhone 18 е сѐ уште далеку. Оваа есен го чекаме претставувањето на iPhone 17, a до следниот телефон ќе помине барем една година.
Google го претстави Pixel 9a
Минатата недела Google го претстави Pixel 9a, најновиот член на нивната „А“ серија, со ветување за многу вештачка интелигенција и со релативно ниска цена од 499 американски долари. Ако се потврдат ветувањата новиот Pixel 9a ќе биде најдобриот телефон во средната класа.
Pixel 9a доаѓа со малку променет дизајн. Новиот модел има рамни рабови, заоблени агли и 6,3-инчен Actua дисплеј. Google тврди дека е 35% посветол од претходникот, достигнувајќи 2700 нити, и нуди 120Hz прилагодлив рефреш. Телефонот е достапен е во четири бои: црна, бела, розева и сива.

Она што и во минатото Google го правеше подобро од конкурентите е додавање на вештачка интелигенција во камерата. Овојпат компанијата се фали дека Pixel 9a има „најдобра камера во телефон од 500 долари“. Двојната задна камера (48MP главна и 13MP ултраширока) е надополнета со AI функции како Add Me, Best Take и Magic Editor. Додаден е и Macro Focus, што е новитет. Телефонот ги задржи и функциите како Magic Eraser, Night Sight и Astrophotography. Ќе треба да почекаме да видиме дали ова се само маркетинг трикови или навистина прават разлика во секојдневната употреба.
Google тврди дека Pixel 9a може да работи над 30 часа батерија со едно полнење. Со Extreme Battery Saver телефонот може да работи дури 100 часа. Pixel 9a е IP68 отпорен на вода и прашина, и доаѓа со 7 години софтверскa поддршка. Иако често се превидува, поддршката од 7 години е клучна карактеристика на овој телефон.
Gemini: AI-асистент на дофат на рака
Pixel 9a е еден од ретките телефони поевтин од 500 долари што го нуди Gemini Nano. Google го интегрира Gemini во апликациите како Maps, Calendar и YouTube, а наскоро ќе биде достапен и Gemini Live со видео и screen-sharing. Ова е можеби може да биде најискористена маркетинг точка на Pixel 9a – интеграцијата на Gemini и неговите AI-способности.
Pixel 9a ги нуди истите безбедносни функции како Pixel 9 и Pixel 9 Pro. Ова значи дека доаѓа со Car Crash Detection и Theft Protection. Доаѓа со вграден VPN од Google и можност за споделување на локација преку Find My Device. За децата Google додаде функции како Family Link и Google Wallet за деца.

Pixel 9a ќе биде достапен во април, основниот модел чини 499 долари.
Екран:
- 6.3-инчен Actua OLED дисплеј
- Резолуција: 1080 x 2424 пиксели
- 120Hz адаптивен рефреш
- Максимална осветленост до 2700 нити
- Заштита: Corning Gorilla Glass 3
Хардвер:
- Google Tensor G4 процесор
- 8 GB LPDDR5X RAM меморија
- 128 GB или 256 GB UFS 3.1 флеш диск
Камери:
- Двојна задна камера:
- 48MP главна камера (f/1.7)
- 13MP ултраширока камера (f/2.2)
- Предна камера: 13MP
Батерија:
- Над 30 часа траење на батеријата, до 100 часа со Extreme Battery Saver
Други спецификации:
- IP68 отпорност на вода и прашина
- Стерео звучници
- Вграден VPN од Google
- Оперативен систем: Android 15
- 7 години софтверски поддршка
Поврзување:
- 5G
Додадени карактеристики:
- Инкорпориран Gemini AI
- Google Wallet за деца
- Функции за помош
Димензии и тежина:
- Висина: 154,7 mm
- Ширина: 73,3 mm
- Дебелина: 8,9 mm
- Тежина: 186 g
Tesla ги повлече речиси сите Tesla Cybertruck
Ако проблемите на Tesla не беа доволни досега, компанијата минатата недела ги повлече речиси сите Cybertruck возила. Поточно, повлекоа повеќе од 46 000 од своите Cybertrucks поради потенцијален безбедносен проблем поврзан со надворешниот панел. Според документите доставени до Националната администрација за безбедност на патниот сообраќај (NHTSA), постои ризик горната надворешна облога на возилото (cant rail) да се одвои. Ова претставува ризик за останатите учесници во сообраќајот бидејќи може да предизвикаат незгода или повреда. Повлекувањето ги опфаќа сите произведени Cybertrucks од ноември 2023 до февруари 2025 година, што се однесува на речиси сите произведени модели.

Ова повлекување доаѓа во период кога Тесла се соочува со серија предизвици, вклучувајќи пад на продажбата на неколку клучни пазари и значително намалување на вредноста на акциите.
Роботот Atlas повторно нѐ импресионира
Роботите на Boston Dynamic навистина нѐ импресионираа во изминатите години. Компанијата нема да престане да го прави ова. Роботот Atlas имаше импресивна презентација во која трчаше, правеше гимнастика, играше и се движеше супер слободно. Во движењата овој пат му помогна вештачката интелигенција. Роботот тренирал на „motion capture“ и анимации за да ги научи движењата кои ги гледаме во видеото.
Основачот на Pebble претстави два нови часовници
Љубителите на класичните паметни часовници добиваат причина за радост! Два нови модели, Core 2 Duo и Core Time 2, се најавени со PebbleOS оперативен систем и компатибилност со илјадници стари Pebble апликации. Овие уреди нудат комбинација на едноставност, долг век на батеријата и можност за персонализирање.

Pebble, компанијата која го создаде оригиналниот Pebble паметен часовник, беше пионер во оваа индустрија. Нивните уреди беа едноставни, но функционални. Компанијата во 2016 година беше купена од Fitbit. По купувањето на Fitbit, Google го отвори кодот на PebbleOS. Сега, со отворениот код на PebbleOS, ентузијасти ја продолжуваат оваа приказна. Еден од првите ентузијасти е Ерик Мигоцовски, основачот на Pebble.
Core 2 Duo
Core 2 Duo е наследник на добро познатиот Pebble 2, со црно-бел дисплеј. Часовникот е изработен од поликарбонати и може да работи 30 дена со едно полнење на батеријата. Со цена од 149 долари и испорака која почнува во јули, моделот е одличен за оние кои бараат основен, но функционален паметен часовник.
Core Time 2
Core Time 2 нуди поголем дисплеј во боја, доаѓа со метална рамка и екран на допир, и чини 225 американски долари. Испораката е закажана за декември. Овој модел е наменет за корисници кои сакаат повеќе функции и побогат визуелен изглед, но сепак се љубители на Pebble.
Спецификации
| Карактеристика | Core 2 Duo | Core Time 2 |
| Дисплеј | 1.26″ црно-бел | 1.5″ 64-бои |
| Резолуција | 144×168 пиксели | 200×228 пиксели |
| Интеракција | 4 копчиња | 4 копчиња + екран на допир |
| Рамка | Поликарбонат | Метал |
| Сензори | 6-axis IMU, компас, барометар | 6-axis IMU, монитор за срцето |
| Век на батеријата | 30 дена | 30 дена |
| Водоотпорност | IPX8 | IPX8 |
| Здравствени функции | Следење чекори и сон | Монитор за срцето, следење чекори и сон |
| Цена | 149 долари | 225 долари |







