Автобуската станица во Скопје сега е „internet ready” и подготвена за чекирања и проверување на Facebook статуси додека се чека автобус.
Станицата потпиша ексклузивен договор со Sun Wireless, компанија која нуди безжичен интернет, со кој на сите посетители на автобуската станица ќе им овозможи пристап до „квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет“.
Kако жител на друг град кој работи во Скопје, а не има многу, можам да кажам дека WiFi пристап до интернет додека се чека автобус е неверојатно добра услуга. Но, прашањето е дали ќе може тој интернет да издржи стотина поврзувања колку што има патници секој ден. Безжичниот интернет секако дека ќе биде тестиран, посебно од помладите корисници, студенти и средношколци кои постојано патуваат.








абе јаката работа шо ја напрајле….клале еден рутер да зрачи (или два можда)….
ама сан вајрлес се фирма шо функционира по принципо плати-па-клати….
а во тексто погоре не се кажва јасно дали ќе биди фри или само ќе зрачат….