{mosimage}Неодамна излезе бета 4.0 верзијата на најпопуларниот VoIP (Voice over Internet Protocol) клиент Skype кој е во сопственост на eBay. Оваа верзија без никакво сомнение се обидува да го намали користењето на Skype за инстант текстуални пораки и се фокусира на телефонските видео разговори. Овој чекор беше охрабрен откако по првата четвртина од 2008 година излегоа статистики дека од сите гласовни разговори во овој програм, скоро 30% од нив биле со видео.
На прв поглед, новата верзија на Skype изгледа интересна и доста едноставна со јасна прегледност на контактите на лева страна и опциите за интеракција на останатиот дел од екранот. Комплексното мени од претходната верзија е изоставено, и сега само со два клика можете да започнете разговор со некој од вашите контакти и лесно да изберете дали разговорот сакате да биде со видео или без.
{mosimage}
Информациите за контактот директно ги прегледувате кога ќе го селектирате неговиот/нејзиниот профил, а во истиот прозорец ви е овозможено и да разговарате текстуално. Новиот Skype дефинитивно се концентрира и на лесно менаџирање на разговорите, со што додека зборувате со вашиот контакт, во истиот прозорец можете да повикате и архивиран разговор, да разгледате во која временска зона е тој, да ги видите неговите профил информации, да испратите фајл или пак SMS.
Покрај горенаведеното, намалената појава на табовите и скриените менија исто така е една од големите предности на Skype бета 4.0, но нема да ве лажам дека имав тешкотии околу навикнувањето на новиот изглед, тешкотии пропратени со многу помисли да се вратам на користење на претходната верзија. Најголемиот проблем за мене е тоа што Skype 4.0 не придава големо значење на текстуалните разговори и тешко може да следите кој ви пишува, а исто така забележав и огромни проблеми околу навременото доставување на текст и фајлови.
{mosimage}
Имено, проблемот е во тоа што кај постарите верзии, кога некој од контактите ќе ви напише нешто ви се појавува во нов прозорец како кај другите ИМ клиенти. Во оваа верзија, иаку ја имате опцијата да го "извадите" ИМ разговорот во нов прозорец, сепак првично ви се појавува внатрешно во главниот прозорец и за да имате прегледност мора да изберете помеѓу опцијата Контакти (Contacts) и Разговори (Conversations).
Интересно е да се забележи и дека во оваа верзија програмот автоматски ги открива уредите (слушалки, микрофон, веб камера) и инстанто ви ги овозможува за користење, а притоа и ги запазува сетираните опции и откако ќе ги исклучите.
Од компанијата сеуште немаат најавено официјален датум кога верзијата ќе го дочека своето финално издание и предупредуваат дека бетата сеуште не е комплетна, и опциите како целосна историја и контакт групи сеуште не се достапни. Skype бета 4.0 е достапен само за Windows.
Мојот совет засега е да почекате околку користењето на Skype бета 4, од проста причина што иаку е атрактивен на изглед, програмот има проблеми со функционалноста и изостануваат некои значајни опции.
Доколку сепак сакате да го испробате програмот, линкот за преземање е достапен тука.
Дополнително доколку оваа кратка рецензија не ви беше доволна за Skype бета 4.0, во продолжение следи и официјалното видео: