Како LinkedIn се грижи за бизнисот (иконографик)
LinkedIn, бизнис мрежа креирана пред 8 години, сега има повеќе од 100 милиони корисници, а овој иконографик покажува кои се тие и каква е нивната интеракција.
LinkedIn, бизнис мрежа креирана пред 8 години, сега има повеќе од 100 милиони корисници, а овој иконографик покажува кои се тие и каква е нивната интеракција.
Bing ги објавија новините кога се работи за пребарувањето на мобилните уреди: m.bing.com подобро и побрзо пребарување на слики, насоки во реално време, пребарување на апликации за iPhone итн. Овие новини се достапни за Android и iOS, но не и за Windows Phone 7, кој во моментов не поддржува HTML5, па овие промени за неговите корисници ќе бидат достапни во текот на годината.
TED како дел од нивните иницијативи, направија листа на 10 креативни и иновативно реклами кои вреди да се споделат. Идејата позади оваа иницијатива „е да се сврти во обратна насока трендот онлајн рекламите да се агресивно свртени кон корисникот.“
Firefox 4 донесе многу поделени мислења во однос на драстично променетиот интерфејс. На многумина им се допаѓа, но повеќето мислат дека е едноставно „чекор назад“. Тоа може да се види од оваа активна тема на форумот, а и низ мрежата се шират побарувања за хакови кои ќе им помогнат на корисниците кои си го сакаат стариот интерфејс да ја добијат пак таа функционалност.
Think Quarterly е онлајн магазин креиран од Google, има 68 страници и се занимава со светот на податоците и нивното влијание врз бизнисот. Од визуелна гледна точка магазинот изгледа прекрасно. Дизајнерите и едиторите на овој магазин се креативната агенција The Church of London.
Сите кои користат и го сакаат Dropbox знаат и дека интерфејсот и не е баш многу репрезентативен. Views.fm го користи API-то на Dropbox и нуди поубава презентација на вашите податоци кои ги чувате на таа сметка.
Speechify е екстензија за Chrome која овозможува говорно пребарување користејќи HTML 5, која се појавува само еден ден по најавувањето на API-то за говор и влегувањето на Chrome 11 во бета.
Yahoo објавија своја верзија на Google Instant, алатката која прикажува резултати уште пред да го допишете клучните зборови кои сакате да ги пребарате.
Wikipedia Beautifier е екстензија за Google Chrome кој го поедноставува интерфејсот на Wikipedia давајќи му централно внимание на текстот кој го читате. Можете да ја сименете овде и екстензијата веднаш автоматски ќе биде активна кога ќе ја посетите страницита на Wikipedia.
Joint.im е апликација која ги проширува можностите кои ви ги дава Twitter за приватни разговори (директна порака) и ви овозможува да комуницирате преку инстант пораки со поединци или група од вашите постоечки Twitter контакти. Секак, останува правилото кое важи и за директните пораки на Twitter, твитерџијата со кој ќе сакате да раговарате мора да ве следи.
Уредот, кој е презентиран на American Physical Society состанок, има 6cm x 6cm дизмензии и користи квантни состојби за да извршува калкулации. Ова е еден од најкомплексните напори досега за да се стигне до квантен компјутер.
Page Speed на Google се користи за да ги опримизираат веб страниците на кои работат. Досега оваа алатка ја имаше само како екстензија за Firefox, а отсега може да ја инсталираат и Chrome корисниците. Секако, Google за овие корисници нудат една подобрена верзија, која е достапна на 40 јазици.
<Надополнето > Apple после бурната реакција на интернет, вчера вечер ја отстрани апликацијата, се уште не давајќи официјална изјава или пак објаснување. Ако сега го пребарате низ App Store името Exodus Internacional, нема да добиете никаков резултат. Исто така, тоа може и да се потврди од твитот на предсетадателот на христијанското здружение.
Facebook има свои механизми за откривање на „најмалите“ корисници кои лажат за годините на мрежата. Главната идеја на Facebook позади оваа практика е да се заштитат младите од сето негатвно влијание што може да го има нивното рано влетување во светот на друштвените мрежи, пренесува австралискиот Daily Telegraph.
Песната која ја пее Ребека Блек во која нема ништо освен „петок, петок, забава, забава, забава, петок“ стана невиден вирален хит откако се појави на Youtube, секако за погрешната причина. Откако Ark Music Factory кои биле најмени од родителите на Ребека да и направат песна на нивната ќерќичка ја ставија песната на Youtube, низ мрежата без престан се шират негативните критики и зборовите „најлошата песна некогаш направена“. Како и да е, гледаноста на Youtube постојано расте.
Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.
Facebook го купи Snaptu, сервис кој ќе им овозможи и на корисниците кои немаат паметни телефони да пристапуваат кон Facebook. Ова е трет потег на Facebook кон мобилната технологија, после маркетинг стартапот Rel8tion и апликацијата за групно праќање пораки Beluga.
Twitter за својот 5-ти роденден покани 16 славни корисници да објаснат зошто го сакаат Twitter.
Cueler e Facebook апликација која ви овозможува да ги синхронизирате вашите Youtube и Facebook сметки ако сте администратор на страница. Всушност, ако закачите некои видео на Youtube тоа веднаш ќе се објави на вашиот профил. Целта на апликацијата е администраторите да го зацврстат своето присуство на Facebook преку видео комуникација со корисниците.
Сигурно досега сте ги забележале оние симпатични и, во најмала рака, импресивни 3D проекции на згради кои во последно време доаѓаат од сите страни на светот. 3D мапирањето според Wikipedia е мапирање на три-димензионални точки на дво-димензионална рамнина. Со помош на оваа техника, може да се добијат навистина интересни 3Д ефекти, кои можете да ги видите во видеата.