Firefox додаток за енкрипција на Facebook и Twitter
HTTPS Everywhere e бета додаток за Firefox со кој можете да си ги шифрирате разговорите на сајтови како Facebook и Twitter.
HTTPS Everywhere e бета додаток за Firefox со кој можете да си ги шифрирате разговорите на сајтови како Facebook и Twitter.
Заврши веб дизајн предизвикот на IT.com.mk во соработка со Мk Host, а победникот е....
На форумот се појави доста интересна и корисна дискусија за склопување на домашен медиа сервер кој ќе може, според желбите на Smole, да пристапи од интернет до фајловите на серверот, да стримува HD видео, да може да складира фајлови кои ќе бидат безбедни и да може да му седи во шпајз.
Финска стана првата земја која законски им гарантира пристап до интернет со брзина од 1Мbps (мегабит во секунда) на своите граѓани без врска дали се наоѓаат во град или во некое забутано селце. Секој мора да има пристап до „автопатот на информации“.
Microsoft го стартуваше Silverlight 4 бета десктоп клиентот за Facebook со кој имате комплетен пристап до вашиот Facebook профил и сите опции само што не го правите тоа преку прелистувачот, туку преку апликацијата која е доста интересна.
Дали интернет провајдерите ќе треба да воведат посебни пракси за менаџирање на сообраќајот, приотеризирање на интернет сообраќајот и дали таквото менаџирање може да направи проблем и не фер ефекти за корисниците… сите овие клучни прашања за нет неутралноста ќе бидат разгледани од Европската Комисија која ги повика корисниците, провајдерите, хардверските компании и сите други во […]
Научниците од американскиот MIT развија апликација за мобилен телефон кој заедно со тенки леќи може да ви даде ефтина дијагноза за очите. Научниците велат дека целта им е апликацијата NETRA ќе им помогне на милиони луѓе кои не можат да си дозволат лекарски преглед.
Тwitter е толку популарен во Македонија што сега сите три мобилни оператори воведоа услуга за праќање твитови преку SMS пораки.
На италијанскиот Windowsette блог се појави наводно внатрешна доверлива презентација за Windows 8 каде се дискутираат идеи за идната верзија на оперативниот систем.
YouTube не е крив за сите видеа на сервисот кои се закачени од корисниците, а кои ги прекршуваат авторските права на Viacom, пресуди американскиот федералниот суд.
ICANN одобори креирање на .xxx домените наменети за порнографската содржина. Првите .xxx домени ќе се појават во 2011 година и ќе бидат волунтерски.
Првата фаза од предизвикот заврши. Имаме 38 пријавени веб сајтови. А сега дами и господа следи гласањето. Анкетата е поставена на форумот и секој читател може да ги разгледа сајтовите и да гласа за еден сајт.
Често гледам дека скоро секој што поседува лаптоп има проблем со температура, или пак едноставно не е навикнат дека целиот хардвер сместен во едно такво мало куќиште е нормално да има повисока температура од класичен компјутер, вели SaleSk објавувајќи одличен туторијал како да го исчистите разладен систем на лаптопот.
Целта на mobile.komunikacii.net блогот е да ги олесни изборот на оние кои сакаат да купат нов телефон, да ја најдат соодветната апликација за својот мобилен телефон и да се информираат за тоа до каде е стасана во развојот мобилната технологија кај нас, но и во светот, вели Мите Кузевски, кој заедно со Виктор Стојановски го стартуваа блогот.
Подобрената Insight алатка на Facebook сега дава анализа на Like споделувањата, подобра анализа на Facebook страните и апликациите на кои сте администратор, анализа за друштвените плагини вметнати во веб сајтовите и анализа на содржината која се споделува на тие сајтови со подобри (анонимни) податоци за демографијата на корисниците.
Кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, сексуална злоупотреба се дел од опасностите на кои можат да наидат помладите интернет корисници.
HijackHacker успеа да дојде до beta клуч за NFS World и напиша кратка рецензија за тркачката играта која ќе се појави во јули.
Новите веб стандарди се отворени, доверливи, безбедни и ефикасни, вели Apple објавувајќи неколку демонстрации за техничките можности на HTML5, како типографија, разгледување галерија, транзиции, аудио, видео... пример < video > елемент кој може да се манипулира со JavaScript, односно да си додадете свои видео копчиња за контрола кои ќе одговараат на вашиот сајт.
Nokia го објави Bicycle Charger Kit пакетот кој содржи полнач за батерии и динамо, што е електричен генератор закачен за тркало, и држач да се зацврсти мобилниот за велосипедот. За да го наполните мобилниот ќе треба да одржавате брзина околу 6 километри на час. Ако возите побрзо 6 километри за 10 минути ќе имате батерија за 28 минути разговор, вели Nokia.
Нa D8 конференцијата AllThingsDigital направи интервју со шефот на Apple, Стив Џобс. Разговорот се водеше за се и сешто, за односот со Adobe и Flash, за станување втораа најбогата компанија проаѓајќи го Microsoft, за iPad-oт при што г-дин. Џобс откри дека првичната замисла била да се направи таблет уред, но функционалноста овозможила да се роди iPhone-от, се зборуваше и за Gizmodo и украдениот 4G iPhone...