Firefox додаток за енкрипција на Facebook и Twitter

„Полно сајтови нудат лимитирана поддршка за енкриптирање преку HTTPS, но го прават тешко за користење. Пример, може да бидат по зададено на неенкриптираниот HTTP, или да ја наполнат енкриптираната страна со лнкови кои водат назат кон незаштитениот сајт. HTTPS Everywhere додатокот ги средува овие проблеми со препишување на сите барања на овие сајтови во HTTPS.“ објаснува Electronic Frontier Foundation која го изработи овој додаток заедно со Tor Project, додека инспирацијата доаѓа од енкриптираното пребарување на Google.

За да го инсталирате HTTPS Everywhere додатокот кликнете тука или преку сајтот на EFF, и потоа ќе приметите дека кога сте на страните на Facebook, Тwitter или Wikipedia… Firefox ги отвора со енкриптираното https://…

EFF пишува дека Facebook четот не работи во HTTPS верзијата на сајтот, така да ако сакате да се допишувате ќе треба да го изгасите додатокот, или само да го отштилкирате Facebook.

Додатокот се уште е во бета и е лимитиран на неколку сајтови (види слика подолу) кои можете да ги исклучите преку опциите за додатоци на прелистувачот.

(via @CommieArtBOX)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
pipelinmkd
pipelinmkd
11 years ago

e додатокот кликнете тука или преку

кај “тука“ нема линк. Мала корекција линкувајте го зборчето тука :)
Поздрав.