Apple оваа година планира да претстави 3 нови телефони и најголемиот iPhone досега

во Мобилни

И оваа година Apple планира да претстави 3 нови телефони. Компанијата долго време не креираше телефони со големи димензии, но тоа се промени со iPhone Plus моделот.

Apple неколку генерации издава голема и мала верзија на iPhone, а минатата година прв пат излезе и iPhone X, уште една супер ексклузивна верзија. Новитет оваа година нема да биде скап уред, туку уред кој ќе биде подостапен за купувачите.

Ова не значи дека нема да има поголем телефон. Bloomberg објави дека и оваа година Apple ќе има Plus модел. Единствената разлика е што оваа година моделот ќе биде најголем досега, дури цел инч поголем од постоечкиот уред. Дека не станува збор за обилна шпекулација, можеби покажува и сликата на екранот на новиот телефон. Сликата се појави најпрво на формумите на MacX, но беше отстранета оттаму. Сега сликата е достапна на MacRumors.

Најголем новитет на компанијата која е препознатлива по скапите уреди, сепак ќе биде поевтиниот уред наменет за освојување на пазарот. Иако без официјална потврда,  подолго време се појавуваат вести дека Apple би можел да ги продава постарите модели на телефони на пазарите во развој.

„Разводенета“ верзија на iPhone би можела да се искористи за освојување на пазарот во Индија и Кина, но и на повеќе други локации.

Според извори на компанијата телефоните ќе бидат презентирани на настан наесен. Ова вообичаено и навистина е термин во кој Apple има конференции. Дали ова ќе биде случај и овој пат, ќе почекаме и ќе видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk