0 коментари 1 мин. читање

Излезе огромна книга за историјата на PC RPG игрите

Имаме одлични вести за сите што сакаат да читаат книги и се огромни љубители на RPG игрите на PC платформата. По нешто повеќе од четири години макотрпна работа, книгата на Фелипе Пепе е конечно излезена. Изработката на книгата била базирана на доброволна база и Фелипе успеал да активира над стотици девелопери и новинари од целиот свет да му помогнат во пишувањето корисни статии за над 400 игри.

The CRPG Book Project на интересен и исклучително детален начин ја споделува историјата на компјутерските Role-Playing игри и доколку сакате да дознаете за нешто повеќе за вашите игри од овој жанр, кликнете тука и бесплатно преземете ја целата книга во .pdf формат.

„Низ 528 страни, ќе најдете информации за над 400 RPG игри, од раните PLATO игри, па сè до модерните ААА изданија, како и скриени хитови, пријатни изненадувања или пак изработки на фановите“. Пепе објаснува и додава дека: „Рецензиите биле напишани од тим од 112 волонтери од целиот свет – фанови, модери, новинари, критичари, како и независни и ААА девелопери.“

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top