Во последните моменти пред да му биде изречена казна во Европа, Apple се одлучи да направи некои отстапки во преговорите со ЕУ. Главна причина поради која компанијата се одлучи да преговара се ригорозните казни кои ќе ги изречеше Европската Унија.
Apple веќе плати казна од 500 милиони евра. Сепак ако Унијата процени дека компанијата не ги направила потребните промени казните може да бидат значително поригорозни. Максималната казна која Apple може да ја добие е 5 отсто од дневниот просечен глобален приход.
По казната во април, на Apple му беше оставен рок од 60 дена, во кој требаше да ја усогласи својата работа со Актот за дигитални пазари (DMA). Рокот истекува оваа недела на 26 јуни. Иако крајниот рок е блиску, Apple веројатно ќе се спаси од казна. Европската комисија навести дека компанијата е во разговори со нив, па нема да има казни веднаш по истекување на рокот.
Причина за казната од 500 милиони евра која ja доби компанијата е политиката на Apple со која им забрануваат на развивачите да комуницираат со корисниците за алтернативни опции за плаќање надвор од App Store. Според моменталните правила на Apple за App Store во ЕУ, на развивачите им е дозволено да вклучат само еден надворешен линк до нивната веб-страница. И покрај овие очигледни потешкотии, Apple наплаќа провизија од 27 отсто за купувања направени преку тој линк. Ова што претставува значајна пречка за развивачите иако воопшто не користат трансакција преку Apple.

Под истрага е и Core Technology Fee
Спречувањето за комуникација со корисниците за алтернативни начини за плаќање се само едно од потенцијалните прекршувања во Европа. Унијата го разгледува и Надоместокот за основна технологија (Core Technology Fee – CTF) на Apple. Компанијата бара од развивачите во ЕУ да плаќаат надомест од 50 центи по инсталација годишно. Тековните разговори меѓу Apple и Европската комисија се фокусирале и на правилата за CTF, пишува Financial Times.
Комисијата во својот извештај потврди дека соработува со Apple „за да разговара за ефективно усогласување“. Сепак, не сакаат да шпекулираат за потенцијалниот исход пред крајниот рок на 26 јуни. „Комисијата има на располагање обемни регулаторни овластувања доколку Apple продолжи да ги крши своите обврски според DMA.“, пишува во извештајот.
Засега нема детали околу можните решенија кои би можел да ги направи Apple за да ги избегне санкциите.







