Не знам дали се сеќавате, но Apple веќе ја отфрлија поддршката за Google Maps, а денес од Apple потврдија и дека YouTube апликацијата ќе је нема во новиот оперативен систем. Во најновата бета верзија на iOS 6 не е вклучена YouTube апликацијата, забележаа од 9to5Mac.
„Лиценцата за да ја вклучиме YouTube апликацијата во iOS истече. Корисниците ќе може да го користат YouTube преку Safari прелистувачот, а од Google веќе работат на нова апликација која ќе биде достапна во App Store.“, вели Apple.
Сепак, сè уште не е позната причината зошто Apple не сака да ја продолжат лиценцата. Дали едноставно сакаат да се ослободат од производите на Google или можеби причината е во тоа што YouTube апликацијата за iOS во текот на претходните години нималку не се подобри.








Или можеби причината е што клиентите на Јаболко се тотални слепци и не знаат што да прават со своите пари.
Редакција, барем еднаш прочитајте си го текстот пред да го ставите на веб.