3 коментари 1 мин. читање

Гледање преку ѕид со помош на Wi-Fi

Двајца истражувачи од Универзитетскиот колеџ на Лондон (UCL) развија пасивен радарски уред кој ги користи сите присутни сигнали од Wi-Fi мрежите. Се состои од две антени и компјутер кој го обработува сигнало. Исто така, покрај стандардното емитирање на сигнали, врз основа на нивните рефлекси се одредува и положбата на објектот во просторијата.

Во било која просторија која е покриена со сигнали од безжична мрежа, секогаш има 2,4 – 5 гигахерцни радио бранови, па така кога тие бранови ќе го погодат објектот додека се движи, се менува нивната фреквенција. 

Истражувачите направиле неколку експерименти и во сите успеале да ја реконструираат сликата на било кој објект што се движи позади ѕидот. Исто така, откриена е и точната локација, брзина и насоката на движење на човек позади ѕид со дебелина од 30 сантиметри. Сепак, доколку предметот од другата страна на ѕидот не се движи, истиот нема да може да се лоцира.

Според сликата подолу од PopSci, 1) Кога објектото се движи, Wi-Fi сигналите се одбиваат од него и ја менуваат фрекфенцијата. Ако објектот се доближува фрекфенцијата се зголемува, ако се одалечува се намалува. 2) Обичен рутер веќе ја има наполнето собата со фрекфенцијата. 3)Една антена го следи основниот радио сигнал во собата. 4) Втора антена детектира промени во сигналот. 5) Компјутерот ги споредува двата сигнали и претставува слика според разликите.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top