Word Well е македонска игра за iOS која има нов минималистички дизајн, и е неверојатна заразна. Таа е загатка во која целта на играчите e да креираат што е можно подолго зборови спојувајќи ги буквите на екранот. Играта е компатибилна си iPhone, iPod touch и iPad. Автор на играта е студиото CodeWell.
„Следете ги вашите неделни и резултатите од сите времиња, споредувајте, споделувајте со Вашите пријатели и покажете му на светот колку сте добри во составувањето на зборови! Играта е наменета за сите возрасти и нуди забава и содржина која го заробува вниманието на корисниците. За целосно играчкото искуство да биде пријатно, целата игра е дизајнирана во минималистички стил, без дополнителни непотребни дистракции”, велат од Codewell.
Играта покрај својата едноставност има и едукативен карактер, па играчите ќе можат да научат нови зборови, а кога ќе станат доволно добри и да го испробаат „Survival“ или „Timed“ модовите. Апликацијата овозможува да ги следат и споредуваат своите најдобри резултати, но и да ги споделат со своите пријатели или светот.









Copy Paste Ruzzle