Android телефоните задржаа 70 отсто од пазарот, Аpple забележува пад

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Со 69,5 од продадените уреди во последниот квартал на 2013 година, Android сè уште е на првото место кај мобилните оперативни системи пред iOS со 23,7 отсто. Windows Phone во последните 6 месеци е со 10 отсто застапеност во Европа, според анализата на Kantar WorldPanel.

Според извештајот Apple успева да задржи раст во САД, 43,9 отсто, Велика Британија, со 29.9 отсто, Кина, 19 отсто, но и покрај импресивните продажби, бележи пад на речиси сите други пазари. Windows Phone достигна до 10 отсто во поголем дел од европските пазари. Со оглед на тоа дека Nokia продава над 90 отсто од телефоните се чини дека компанијата има причина за славје, иако може да биде нарушено од бавниот раст на европскиот пазар. Конечно по подолг период на раст Samsung го завршува со забавување, во Европа има пад од 2,2 отсто, а на кинескиот пазар 23,7 отсто учество, што значи без пораст.

Сепак се чини дека клучен збор во четвртиот квартал имаа локалните кинески производители како Xiaomi кој во декември ги помина Samsung и Apple и станаа најпродавани паметни телефони во Кина. Со оглед на тоа дека компанијата постои од 2010 и своите телефони ги продава единствено онлајн ова навистина е огромен успех.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
DedoMraz
DedoMraz
9 years ago

Ај поправете си ја бројката 70% со 78.9%.