1 коментар 1 мин. читање

Турскиот премиер се појави како џиновски холограм пред граѓаните

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се појави пред граѓаните на Измир како три-метарски холограм. Премиерот, кој се наоѓа под истрага за корупција, не успеа да стигне на време за закажаниот настан, па ја пренесе пораката стоејќи пред камера и зелено платно, што беше подоцна проектирано како холограм во плава боја пред граѓаните. Иако холограмите не се нешто ново, музичката индустрија го оживеа Тупак пред една година, сепак е чудно што политичарите ја користат оваа технологијата. Кога се работи за избори, или во овој случај за локални избори во Турција, пожелно е премиерот да се појави лично пред граѓаните за да покаже добра воља и да даде поддршка за локалните кандидати. Можно е холограмот да ги импресионира граѓани, но можно е да покаже дека по ланските протести и обинувањата за корупција, премиерот се претворил во обичен дух.

Г. Ердоган не е првиот политичар кој користи холограми. Пред него, во 2012-та година, индискиот политичар Наренда Moди проектираше 26 холограми во различни места за да покаже дека Индија е напредна земја кога е во прашање технологијата.

[youtube]M8GwEnrT4Ao[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top