4 коментари 2 мин. читање

Апликација на денот: Види, пријави и поправи дефекти во скопските општини

Во Македонија има дупки по патиштата, раскопани тротоари и скоро нефункционални (каде што ги има) патеки за велосипеди. За да се поправат сите тие проблеми се стартуваа неколку краудсорсинг апликации преку кои може да се пријавуваат дефекти и проблеми. Концептот на тие апликациите е одличен, но во моментов повеќе се игнорирани од надлежните, отколку да бидат прифатени за општото добро

Можеби работите ќе се сменат со „Види, пријави, поправи“ – апликација развиена од стартапот CodeWell за скопските општини Кисела Вода и Гази Баба – преку која корисниците може да пријавуваат дупки и друг вид на дефекти во општините преку својот Android паметен телефон. За лоцирањето на дупките ќе се погрижи гео локацискиот сервис што го имаат вградено во апликацијата, а при пријавувањето ќе можете да изберете за каков вид на дефект се работи, да дадете опис и да прикачите слика. Исто така, „Види, пријави, поправи“ нуди и преглед на сите пријавени дефекти и нивниот статус.

Покрај оваа апликација која беше развиена при крајот на минатата година, на нашиот пазар од пред неколку години постои и Поправи.мк која победи на првиот VIP Android натпревар. Кодот од таа апликација е отворен и можете да го видите на Github. Сепак, пријавувањето на овие проблеми надлежните ги игнорираа.

Токму поради тоа последното, од минатиот месец, основачите на Komarec.com.mk ја започнаа е-иницијативата за подобрување на Кочани. Идеите кои ќе бидат испратени до надлежните кои се законски обврзани во рок од 60 дена да одговорат на поднесените предлози.

Сите овие апликации се одлично замислени и вистински може да и помогнат на било која општина во санкционирањето на сите проблеми. Но, сепак на крај се поставува вистинското прашање… колку од пријавените проблеми навистина ги решиле од општините?

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top