Апликација на денот: Сите апликации на македонскиот стартап Vulpi Inc.

Vulpi Inc. е основана во 2010 година од страна на Абдулах Алиоски и Аднан Бекироски, студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно ФОН, кои велат дека се автори на првата игра за iPhone во Македонија. Неговите десет апликации се одберени како апликации на денот.

The Illuminati Code

„Тоа што ќе го прочитате и видите во оваа апликација е забрането за вас“. Во оваа игра е потребно да се декодираат енкриптираните пораки. Понекогаш можете да наидете на многу лесен проблем, но понекогаш тежината да ја кракирате пораката е комплицирано. Во решавање на проблемот дозволено ви е да додавте, заменувате и променувате локацијата на зборовите.

Откријте ја мистеријата, но имајте на знаење дека некои од тајните може да се точни во откривање на една цел, но да не е одговарачката за другата. Купете ја апликацијата за 0,99 долари и откријте ја мистеријата.

The Illuminati Code: Game of Shadows

The Illuminati Code: Game of Shadows практично е продолжение на претходната и е игра која спаѓа во категоријата на решавање на криптографски загатки. Што значи, играта се состои од кратки пораки кои треба да бидат декодиран со едноставно влечење на буквите на точната позиција.

Во апликацијата се откриваат скриени пораки, анаграми, фибоначиеви кодови и слично. Апликацијата можете да ја купите од App Store по цена од 2,99 долари.

Football 12

Оваа е мултиплеер игра која претставува некаков микс помеѓу фудбал и air-hockey. Играта е едноставна и лесна за играње, се контролира со допир на екранот, а играчите може да изберат помеѓу неколку стадиони.

Навидум едноставна, но многу интересна игра за забава. Едноставно, мора да ја пробате со вашите пријатели! Football 12 е достaпна во App Store по цена од 0,99 долари.

Basketballs

Баскет, но малку на поинаков начин. Приказната на Basketballs е во тоа што кошарката е киднапирана од Сомалиските пирати, додека истата се обидува да пристигне на Светското првенство по улична кошарка во Дубаи.

Сепак, пиратите ја оставиле топката некаде во африканските џунгли и истата тргнува во ослободителен поход. Вие имате време додека не зајде сонцето, да ја завршите играта, инаку кошарката ќе изгуби засекогаш!

Преземете ја апликацијата за 0,99 долари и користете го вашиот талент за да ги поминете сите нивоа.

iTemplates

iTemplates е апликација која содржи веќе изработени нацрти за потребите на вашата страница. Со неа, едноставно можете да изберете нацрт за вашето CV и да го пополните со потребните информации.

Одлично решение за пишување на било каков документ и навистина корисно доколку се двоумите како да го уредите документот, па така iTemplates ќе ви помогни.

Содржи решенија за агенди, CV, брошури, флаери, покани, писма, постери, квизови, извештаи, сертификати, есеи и слично. iTemplates можете да ја купите за 2,99 долари.

Chess Master 2012

Веќе за сите позната игра и како истата функционира. Добра за релаксирање, но и добро решение доколку сакате да ве нервира. :) Функционира со неколку нивоа на противникот – „Пасивен“, „Солиден“, „Активен“, „Агресивен“ и „Убинствен“, па ваше е како ќе одлучите и колку се сметате спремни за една партија шах.

Исто така, има можност да играте и против друг играч. Погледнете го видеото подолу, а апликацијата е достапна во AppStore за 2,99 долари.

[youtube]LiG4T2rAOjA[/youtube]

Annie: Shopping List

Annie е алатка која ќе ви помогне во организирање на вашите дневни активности и составување на „to-do“ листи за било која намена. Исто така, постои можност одредена листа од активности да биде испратена на мејл.

Апликацијата можете да ја преземете од App Store.

Carribi

Carribi е апликација која ќе ви овозможи поделување на прелистувачот на два дела. Додека на едниот екран ги прелистувате најновите технолошки новости на IT.com.mk, на другиот дел можете да ја пуштите вашата омилена музика од YouTube.

Апликацијата чини 1,99 долар и можете да ја купите од овде.

Parola и Parola Pro – Password Manager

Parola е едноставен менаџер за вашите лозинки. Оваа апликација нуди зачувување на вашите приватни информации и гарантира безбедност за истите. Исто така, апликацијата користи iCloud, па така лесно можете да ги синрхонзирате вашите лозинки на повеќето уреди.

Parola во својот пакет вклучува заклучување на екранот, iCloud како што веќе споменавме, додавање на заштитени белешки во врска со лозинката и автоматски генератор на лозинки кој креира јаки и безбедни лозинки.

Parola Pro е објавена пред две недели, а веќе истата е преземена околу 6,000 пати.

[youtube]l-8V5Zaczig[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] iOS текст едитор, креиран од македонскиот стартап Vulpi, сега има нова тастатура која сама ги поправа […]

Trajko Iliev
Trajko Iliev
9 years ago

Abe so e rabotava, sto se zapnale tolku so sto skrinshotoj od iPhonoj, ko da nema drugi mobilni so drugi platformi

Виктор Дано
9 years ago
Reply to  Trajko Iliev

:) Vulpi прави игри за iPhone.

Dejan
Dejan
9 years ago

I vo Makedonija ima startapi? :)

Jove
Jove
9 years ago

BRAVO , so da kazam drugo, go one.