0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2012

Facebook ќе претстави алатка за следење на ефикасноста на рекламите

Facebook досега се обиде на неколку начини да го измеша рекламирањето и друштвената мрежа, а сега од компанијата се залагаат за генерирање на поголема онлајн продажба. Facebook од петок ќе ја објави алатката за следење и мерење на ефективноста на рекламите.

Со Conversion Measurement Tool, Facebook ќе им овозможи на онлајн продавачите да ги следат купувањата на сите корисници кои го имаат видено нивниот оглас. А од друга страна, повторно се поставува прашањето за приватност, но како и обично, од Facebook велат дека нема потреба од грижа, бидејќи огласувачите нема да ги добијат вашите идентитети, туку само бројката на луѓе кои купиле нешто.

„Мерењето на ефективноста на огласите е многу важна за сите видови на работа и за сите маркетинг луѓе“, изјави Дејвид Басер, продукт менаџер за Facebook огласување, за Reuters.

Исто така, огласувачите ќе може да ги ограничат рекламите на публиката која има слични интереси со тие корисници што веќе одговориле на некоја од претставените понуди.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top