0 коментари 2 мин. читање 24 декември, 2015

Апликација на денот: Парите за Скопје 2014 може да се следат и преку Android

БИРН Македонија објави Android апликација за својот истражувачки проект „Скопје 2014 под лупа“. Проектот на БИРН ги користи отворените податоци за да ги мапира сите објекти кои беа изградени како дел од реконструкцијата на Скопје, која ја знаеме како Скопје 2014. „Скопје 2014 под лупа“ е прв пример на македонско статистичко новинарство кое сега може да се следи преку интерактивна апликација.

Тоа што ја прави мобилната апликација покорисна од базата на податоци кои се објавени на веб, е што се користи предноста на мобилните телефони и нивните камери. Може да ги фотографирате новите објекти и споменици кои се пред вас, и веднаш да добиете информации за колку пари се потрошени за нив. Доколку пак во фотографијата опфатите неколку проекти, ќе добиете информации за цената на индивидуалниот проект или заедничката вредност. Направените фотографии можат да се споделуваат на друштвените мрежи или преку пораки, што може да помогне во дигање на свеста на што се трошат граѓанските пари.

skopjepodlupaandroid1

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top