Битлси конечно пристигнаа на музичките сервиси

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Звучи чудно, но песните на еден од најголемите бендови во историјата на музиката досега не беа достапни за стримање на ниту еден музички сервис. Сепак конечно има добри вести за фановите на The Beatles бидејќи She Loves You, Hey Jude и Yesterday конечно ќе можат да се чујат преку популарните музички сервиси. Иако ако сте фан од Македонија, ќе бидете ограничени бидејќи не секој музички сервис е достапен во земјава.

Интересно Битлси се вклучуваат во стриминг револуцијата во период во кој неколку големи ѕвезди како Тејлор Свифт, Адел и Том Јорк јавно ги критикуваа музичките сервиси. Девет сервиси истовремено ќе започнат да стримаат песни на Битлси, вели BBC. Тоа се Spotify, Apple Music, Google Play, Tidal, Amazon Prime Music, Deezer, Microsoft Groove, Napster и Slacker Radio. Музиката на Beatles е достапна веќе од денес, а фановите ќе можат да преслушаат 224 песни од 13 изданија.

Иако станува збор за креативни џинови на популарната музиката, кога станува збор за прифаќање на новата технологија, групата е една од најбавните. На iTunes се приклучија во 2010 година, седум години откако беше стартуван сервисот од страна на Стив Џобс кој беше нивен фан. Битлс чекаа до оваа година за првпат да почнат да зборуваат за симнување на нивните песни. Претпоставките се дека издавачите кои ги имаат авторските права за песните чекале толку долго за пазарот да биде подготвен и да можат да имаат максимална заработка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] иако до неодамна не беа присутни на ниту еден сервис, кога се приклучија се приклучија на сите наеднаш. За жал, ова не е случај […]