0 коментари 1 мин. читање

Хотелот Hyatt е хакнат, и заедно со него и платежните картички на гостите

Никој, ама баш никој, не сака да дознае дека платежната картичка му е хакирана за Божиќ. Но, токму тоа им се случи на клиентите на ланецот хотели Hyatt, кој објави дека на компјутерите кои ги користат за процесирање на исплати пронашле злонамерен софтвер. Добра вест е дека софтверот е пронајден, а Hyatt ја зголемува безбедноста, но корисниците кои ќе забележат сомнителни исплати на своите сметки мораат да ги пријават или да се збогуваат со парите.

Засега нема објаснување за погодените локации, но хотелот има страница на која објаснува за важноста на безбедноста на корисниците. Hyatt е последниот ланeц во низата кој е погоден од хакерски напади по Hilton, Starwood, Mandarin Oriental, потсетува TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top