1 коментар 2 мин. читање 19 ноември, 2013

Апликација на денот: Mакедонската iOS игра Henophobia ја штити Земјата од вонземјани

Ако имате страв од кокошки тогаш сигурно сте вонземјанин! Тоа е вистина во светот на Henophobia, нова македонска игра за iOS направена од Танасије Ѓоргоски од Струга. Во играта со механика на флипер, и приказна нацртана во стил на уметничките стрипови на култниот Рој Лихтенштајн, вие ја браните Земјата од вонземјани кои наместо да ја освојат планетата, ископаат минералите и да ги изедат човековите мозоци, добиваат ќотек од тренирани кокошки.

Танасије, 40, кој е страствен гејмер и специјалист во Java и XML технологии во компанијата Xyleme, играта ја направил од хоби и љубопитност. Не очекува огромна заработка од неа, бидејќи, како што вели, успехот на AppStore е резервиран за „големите и богати“ студија, но сепак се надева дека и неговата игра, во која вложил над илјада евра за нејзин развој и ангажирање на дизајнери и музичари, ќе има успех. Играта е бесплатна се до 12-тото ниво кога се плаќа 2 долари за отклучување на понатамошната приказна.

„Супер е што воошто постојат вакви механизми преку кои и луѓе како мене кои имаат желба да прават игри, можат да ги направат релативно лесно и да ги публикуваат. Инаку како хоби малце може да биде и скапо, поготово ако се ангажираат луѓе за графика, аудио, музика и слично, како што ангажирав јас (пошто воопшто не ме бидува за такви работи)“.

Танасије вели дека креирањето на Henophobia билo уникатно искуство, и тоа не само поради запознавање на iOS и алатките, и комуникација и работа со уметници (за графиката и музиката), туку и поради откривање на како функционира целиот систем на публикување и маркетинг на апликацијата. „Сето тоа е доста фасцинантно и интересно за мене“, вели тој.

[youtube]Svf0r0pGSe0[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
GoodBytes
GoodBytes
12 years ago

Браво Танас, супер е играта!

Мени
Заедница
Изглед
To top