0 коментари 2 мин. читање 20 ноември, 2013

Raspberry PI продаде над 2 милиони мини-компјутери

Мини-PC-то Raspberry Pi стигна до 2 милиони продадени примероци за 20 месеци. Компанијата беше блиску со пресметките и предвидувањата откако нивната првична прогноза беше дека до 2.000.000 ќе стигнат во јануари следната година. Идејата на Raspberry Pi фондацијата ова е да се направи програмирањето да биде достапно за сите, овозможувајќи им на сите да го купат Raspberry PI Мини-PC-то.

„Никогаш не верувавме дека ќе стигнеме до овде кога го започнавме ова патешествие: се е поради вас, нашата неверојатна заедница, се чувствуваме, многу, многу среќни што ве имаме.“, велат од фондацијата.

Популарноста на Raspberry PI покрај цената се должи и на неговите спецификации и флексибилност работи на Linux, има 700 MHz процесор, 256 МB RAM меморија, поддршка за SD картички, две USB порти, Еthernet, HDMI и RCA излези и можност за 1080p HD репродукција.За цената да биде што е можно пониска, Raspberry Pi пристига единствено како плочка без куќиште, поради што сличните уреди го имаат добиено името „mini board“.

Изгледа дека Raspberry Pi е на најдобар пат да ја оствари својата намена, да започне со намалувањето на компјутерската неписменост насекаде.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top