Сите сме биле во ситуација да сакаме да нарачаме нешто за јадење, а да не знаеме од каде или што, нели? Или пак уште полошо, да сме мртви гладни, и во непознат град без да знаеме каде во близина има ресторан. За среќа, најдовме решение на овие светски проблеми. Jadi.me е македонска Android апликација која брои 1.300 локали од цела Македонија со нивните телефони и локација на мапа.
Апликацијата има убав дизајн достапен и на постарите верзии на Аndroid, со интуитивен изглед, поради што и нема потреба од мени за помош или опции, велат креаторите Драган Јандрески и Томе Бошевски. Апликацијата е секако на македонски јазик, иако забелешката е дека може да биде и на англиски за странските туристи за полесно наоѓање на локации. Има пребарување по категории, автоматско лоцирање на вашата локација и можност за промена на градот. Јавувањето за резервација или нарачка може да се направи директно преку апликацијата, а добра опција е и прикажување на најкусиот пат како да стигнете до ресторанот.
Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play.
windows phone 8?
ne rabot na nexus 7
Не работи на ниеден таблет воопшто, засега :(