0 коментари 2 мин. читање 27 август, 2013

Орнихоптер на ластик е ново забавно летало креирано со 3Д принтер

3Д принтањето изгледа ќе го пронајде патот до хобистите, кои или немаат друг начин на создавање на деловите или сакаат да се обидат да репродуцираат некој апарат, играчка, па дури и автомобили. Најновата интересне 3Д креација е „Орнихоптер со ластик“ која е едноставно летало што во најголем дел е составено од 3Д испринтани делови. Леталото е способно да лета неколку минути со кратко затегање на ластикот. Доколку не сакате постојано да го навивате авиончето, произведувачот има модел кој работи на батерии. Речиси сите делови од арматурата до запчаниците се испринтани, а авиончето тежи нецели 3 грама (2.6).

Иако не е импресивно колку автомобилот кој го изработува Иван Сенч од Нов Зеланд, сепак ваквите примери покажуваат дека 3Д принтерите се погодни за хобистите кој работат и на најразлични забавни и понекогаш комплетно луди проекти.

[youtube]f0a6d6yFm7M[/youtube]

[youtube]o4JCP_LsSkc[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top