2 коментари 2 мин. читање 13 декември, 2012

Апликација на денот: Читајте .мк вести на вашиот Android со GRIDer

GRID.mk е eден од ретките агрегатори на содржина на нашиот пазар што има сопствена апликација за некој од оперативните системи на кои работат паметните телефони.

Со помош на GRIDer, вие можете да ги прочитате сите содржини што ги има собрано агрегаторот, како и да ги сортирате според најнови или најпопуларни вести. Извори кои ги користи GRID.mk се сите сајтови на македонските медиуми, пишани и тв, како и голем дел од големите и најпосетувани македонски портали. Исто така, GRID.mk ја агрегира и содржината од македонските блогови, но тие не е вклучени во Android апликацијата.

Што се однесува до дизајнот на апликацијата, GRIDer нуди едноставен дизајн и пријатна околина за читање на најновите новости. На главниот екран, односно првиот што ќе ве дочека откако ќе ја стартувате апликацијата, имате пристап до глобалните категории „Вести“, „Забава“ и „Спорт“.

Менувањето на категориите се врши лизгање десно-кон-лево и обратно, во зависност во која насока сакате да се движите. Додека пак, за да ги видите под категориите, притиснете на копчето „Повеќе“ што се наоѓа на дното од екранот.

Исто така, кога ќе притиснете на некоја од вестите, со едноставно лизгање лево-десно ќе можете да пристапувате до претходната или следната статија во таа категорија, а со копчето „Погледните ја оригиналната статија“ ќе бидете пренасочени на веб-сајтот од кој е објавена таа содржина.

Апликацијата работи на Android 1.6+ и можете слободно да ја преземете од Google Play маркетот.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Joytears
Joytears
13 years ago

m. Учесниците кои ќе ги прекршат условите на натпреварот, ќе бидат дисквалификувани. a natprevarot e zavrsen. i plus druga odredba: d. Сите учесници имаат право пријавените апликации кои се пријавени на Vip Store да ги развиваат, дополнуваат и во наредни верзии да ги продаваат на комерцијална основа и да располагаат со нив.

DieLmmr
DieLmmr
13 years ago

http://android.vip.mk/terms
l. Сите учесници не смеат да ги објават нивните апликации во никој друг маркет за Android системи во наредните 6 месеци сметано од 13.11.2012.

Мени
Заедница
Изглед
To top