Поголема контрола за да менаџирате со вашата содржина, вели Facebook во блог пост во кој ги најави најновите промени во опциите за приватност. Дa, Facebook повторно ги менува опциите за приватност, што значи или им е досадно или пак дека корисниците не ги користат oвие опции бидејќи очекуваат друштвената мрежа да го прави тоа за нив, што е апсурдно, бидејќи Facebook (и регулаторите) сака да сте свесни кога споделувате лични информации.
Но, друштвената мрежа се согласува дека опциите за приватност не беа баш најасни и лесни за користење, и затоа ги поедноставува опциите за приватност со нов лесен-за-користење Activity Log и Removal алатка за кога некој друг ве тагнал.
Facebook сега претстави нови кратенки во менито на профиот (најгоре и најдесно мени) кое полека ќе биде достапно за сите корисници во текот на овој месец. Toa мени, наместо Account и Privacy settings, сега нуди три опции „Кој ми ги гледа работите?“, „Кој може да ме контактира?“ и „Како да спречам некој да ме замара?“. Звучи преедноставно, но токму тоа е и целта. Секако, најдолу има See All Settings опција за отварање на комплетното мени за менаџирање на профилот.
Facebook ги промени и пермисиите кои се даваат на апликациите. Наместо да бидат спакувани на еден екран, пермисиите за дозволување на апликацијата да користи лични информации и да постира до пријателите, се појавуваат оделено.
Подобрен е и Activity Log. Преку овој дневник се следи целата корисничка активност, а сега е редизајниран за да биде полесен за навигација и, како што вели Facebook, да може да си „ја прегледата активноста“. Тука исто така ќе се најдат и нотификациите за кој ве тагирал на која слика, па корисникот ќе може да одобри дали да остане тагот. Дополнително, сега е додадено објаснување за содржината која се крие од Timeline. За многу корисници им е нејасно дека криење од Timeline не е исто со бришење на пост, и дека скриенот пост може да се појави на фидот со вести на пријателите. Сега Facebook известува за тие промени.