0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2014

Facebook работи на конкурент на YouTube Channels

Facebook работи на подобра интеграција на видео содржините на својот сајт, промените на страната на ABC News прв ги забележа Techcrunch. Дел од страните веќе се надградени со новиот изглед, а остатокот ќе биде надграден веќе следната година, која и не е толку далеку.

Станува збор за функционалност која друштвената мрежа ќе им ја понуди на компаниите кои нудат видео содржина, посебно поголем дел за „Featured Video“ кое ќе биде избрано од сопственикот на страната. На пример страната ABC News е веќе надградена и можете да видите како ќе изгледа услугата во иднина.

За сега е непознато дали и кога опцијата воопшто ќе стигне до обичните корисници или ќе биде резервирана за компаниите. Компанијата веќе има договор со NFL за пренос на најдобрите моменти од натреварите на Facebook страната со Verizon реклами. Сепак и покрај ова, мрежата е прилично бавна при креирањето на можности за креирање на видеа, а презенацијата на видеата на куп е ужасна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top