0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2014

Единствениот национален регистар на прописи доби редизајн

Единствениот национален регистар на прописи доби нов редизајн на сајтот со нови додадени услуго. Проектот е плод на соработка помеѓу Министерот за информатичко општество и USAID, а ова е втора негова надградба откако е воведена е-услугата во 2009 година.

Новата надградба е во насока за зголемување на практичноста при користењето на сајтот, но и поголемо учество на засегнатите страни при донесување на регулативите, вели ИТ министерот Иво Ивановски. Покрај новиот дизајн ЕНЕР-от нуди и нови современи и практични модули, меѓу кои поедноставна регистрација и упатства за користење, нова систематизација на прописите, согласно категоризацијата која се користи од Службениот весник на Република Македонија, системско конфигуриран период на автоматска објава на коментар.

„Апелирам до сите институции, до сите физички и правни лица, да го користат Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи и сите заинтересирани страни да се вклучат во процесите. Со тоа ќе поттикнеме дискусии, предлози и содржини, кои квалитативно можат да влијаат врз донесувањето на законските решенија“, вели ИТ министерот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top