0 коментари 1 мин. читање 15 декември, 2014

Апликација на денот: Пријави говор на омраза преку Не Мрази

Не Мрази е нова бесплатна македонска апликација од студиото Education Through Play, која е креирана да помогне во борбата против говорот на омраза на интернет. Мобилната апликација е креирана како додаток на сервисот НеМрази.мк кој е поставен како центар каде корисниците можат да научат како да ја препознаат омразата онлајн.

На сајтот и во апликацијата ќе најдете туториали, литература и останата содржина која ќе помогне за подигање на свеста и полесно препознавање на говорот на омраза на Интернет. Покрај содржините за преземања, апликацијата доѓа со календар со кој корисниците брзо и едноставно можат да се запознаат со настани на кој ќе се говори за говорот на омраза. Дополнително, апликацијата има и опција за пријавување на говорот на омраза на друштвените мрежи или во медиумите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top