Гајле ми е што Instagram има повеќе корисници од нас, вели директорот на Twitter

Неодамна Instagram објави дека има 300 милиони активни корисници, со што го надмина Twitter како втора најголема друштвена мрежа. Twitter има 284 милиони корисници, но според директорот на сервисот, ова воопшто не им е важно. Во неодамнешно интервју на Еван Вилјамс за Fortune, одговори „I don’t give a shit“ на прашањето што мисли за бројот на корисници на Instagram.

Идејата на г.Вилјамс е дека бројот на корисници сам по себе не значи ништо. Тоа што е важно е што мисли Вал Стрит, односно инвеститорите кои се единствено заинтересирани дека Twitter заработува повеќе од Instagram, кој од недоамна е во сопственост на Facebook.

„Ова е прашање на широчина наспроти длабочина. Зошто единствено зборуваме за бројот на корисници? Луда работа: Facebook направи неверојатна работа бројот на корисници да го претстави како клучно на Вал Стрит. Никој не прашува колкав е бројот на месечно активни корисници. Мислам дека одговорот е ако го користите Facebook Connect ќе бидете сметани за Facebook корисник без разлика дали сте се логирале или дали сте отишле на Fаcebook.com. Што точно значи ова? Стана толку апстрактно што е бесмислено. Нешто што сте направиле за вашите податоци да бидат зачувани на нивните сервери еден месец. Затоа верувам дека ова е погрешна насока.“, вели Еван Вилјамс. „Twitter е токму таму каде сака да биде. Twitter е мрежа за податоци во реално време – важните настани доаѓаат на Twitter и светските лидери комуницираат на Twitter. Ако ова се сличува, искрено газот не ме боли ако Instagram има поголем број на корисници кој разгледуваат убави слики“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments