0 коментари 2 мин. читање 28 мај, 2015

Aпликација на денот: Dodge Hero е заразна македонска игра која ќе ве изнервира

Dodge Hero е нова македонска игра за Android, направена од двајца средношколци што не сакаат да ги именуваме. Можеби се кријат бидејќи нивната игра ќе ве изнервира. Dodge Hero има многу едноставен гејмплеј. Се вртите во круг и се што треба да направите е да кликнете на екранот за да ги избегнете препреките. Но, играта е hardcore, барем додека го темпирате времето на кликање. Едностано ни беше невозможно да собереме десет бисери. Искрено, не ни стигнаме до повеќе од пет. Но, тоа и ја прави неверојатно заразна и интересна.

Тоа што само недоставува на играта, која можеби ќе се појави и на iOS, е малку подобар дизајн бидејќи кога сакам да се нервирам со заразна игра, тогаш сакам таа да биде со убав чист дизајн. Интересно е што со собирање на поентите може да отклучите неколку различни карактери, како еден вид прогрес во играта, но девелоперите треба да поработат на гејмплејот бидејќи едноставни игри многу брзо стануваат и монотони.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top