Marauder Map е алатка за следење, именувана според мапата од Хари Потер која на малиот волшебник му овозможуваше да ги следи движањата на сите во Hogwarts и околината. Алатката, креирана од Аран Кхана, програмер и интересно иден практикант во Facebook, открива дека Facebook Messenger лесно може да се претвори во морничава апликација која ги знае сите ваши движења.
Marauder Map и не прави ништо премногу екстремно, туку само графички ги презинтира координатите на локацијата преку Facebook Messenger. Податоците за локацијата доаѓаат од Facebook Messenger, бидејќи апликацијата по default ја испраќа и вашата локација заедно со секоја порака, а Marauders Map само ги повлекува овие податоци од iOS, Android или Windows Phone верзиите. Но, тоа што е застрашувачки е што многу корисници се наивни бидејќи не веруваат дека не испраќаат доволно пораки преку Messenger што можат да ја исцртаат нивната локација. Но, тие се лажат, вели г. Кхан во својот пост.
„Ако ова не изгледаше премногу чудно, првото нешто што го забележав кога го пишував кодот е тоа што географска ширина и должина одат до 5 децимални места во прецизност, што значи дека е можно да го лоцираат корисниците на помалку од еден метар“.
Едно решение е да се исклучи споделувањето на локација преку Facebook Messenger. Г. Кхан вели дека ги информирал Facebook за ова, иако постои сомневање дека друштвената мрежа знае дека Messenger е прецизна алатка за следење на локацијата. Marauder Map е јасен индикатор дека Facebook, но и другите ИТ компании, ја злоупотребуваат корисничката приватност бидејќи им се навлезени во секој сегмент од приватниот живот, меѓу кои најважниот приватност да се движиш без страв дека некој постојано знае каде си. Иако не успеавме да ја тестираме екстензијата, бидејќи во моментов не работи, кодот на Marauder Map е отворен и достапен на Github.