Android ќе добие алатка за пронаоѓање на изгубениот телефон

Google најави нова алатка со која сопствениците ќе можат да ги пронајдат своите изгубени Android телефони. Android Device Manager ќе овозможува корисниците да го следат својот телефон на мапа, да го активираат ѕвонењето или да ја избришат неговата содржина.

Активирањето на ѕвонењето ќе помогне да го пронајдете телефонот доколку не знаете каде сте го оставиле, a сервисот ќе овозможи да го појачите звукот на телефонот дури и ако сте го оставиле на вибрации. Другите две опции ќе помогнат доколку се сомневате дека некој ви го украл телефонот и дека ќе избега со вашите информации, слики и слични документи.

Со оглед на тоа дека минимален услов за работа е Android 2.2, може да се каже дека услугата ќе биде достапна за речиси сите корисници на Android телефони. Апликацијата ќе се појави кон крајот на август.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@rmuchev
12 years ago

Во Македонија ако го "изгубиш", ќе го најдеш во Косово, иако никад не си бил таму… Заштити се колку толку со македонската апликација https://play.google.com/store/apps/details?id=mk….