0 коментари 2 мин. читање 5 август, 2013

Детската порнографија се крие на сајтовите на легални бизниси

Пробиени сервери на легални бизниси и порно сајтови се место каде се хостира детската порнографија, вели британската Internet Watch Foundation. Криминалците ги закачуваат нелегалните фотографии на серверите на легални сајтови за да може да ги дистрибуираат без страв дека ќе бидат фатени. Организацијата за набљудување на криминалот на интернет изјави за BBC дека во последните шест недели има добиено 227 пријави за ваква злопотреба на сајтовите на легални бизниси.

Меѓу тие бизниси е и компанија која продава мебел чии сајт бил пробиен со малициозен код. На нејзините сервери биле закачени фолдери со „најлоши можни слики“ од злоупотреба на деца. На некои фотографии имало новороденчиња и силување на многу млади деца. Фолдерите со нелегалната порнографија иако биле на серверите на компанијата, тие не се појавувале на сајтот, ниту имало линк до други страници. До нив се стигнувало преку линкови на легални порнографски сајтови.

„Овие луѓе не одат онлајн и пребаруваат детска порнографија со еден клик. Тие проаѓаат неколку продолжени мерки на претпазливост, тие се кријат и споделуваат во специфични групи.“, вели Џим Гембл од Child Exploitation and Online Protection Agency.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top