Facebook после 9 години ќе го менува алгоритмот за прикажување на вестите

И после девет години од стартување на најпопуларната друштвена мрежа, корисниците и брендовите сè уште целосно не го разбираат концептот на кој се одредува која содржина ќе се прикажува во нивниот канал со вести. Токму затоа, утре во 19 часот по македонско време, Facebook закажа настан на кој ќе дискутира за фидот за вести и за новиот алгоритам кој би требало наскоро да започне да се применува.

„Ние ќе зборуваме за каналот со вести и ќе погледнеме подлабоко во алгоримот за рангирање кој одредува кои стории ќе се појават на врвот од вашиот канал. Ќе дискутираме и за надоградбата на органското рангирање кое доаѓа наскоро“, вели Facebook.

Во моментот Facebook го користи алгоритмот EdgeRank кој при пресметките зема многу фактори како колку сте блиски со личноста, колку објавата е популарна, кога е објавенa и релевантност според другите кориснички интереси. Сепак, во многу наврати тие објави се многу случајни.

Колку би ни била интересна или важна некоја објава зависи од бројот на коментари, лајкови и споделувања, но ниту тоа не ни го дава совршениот тајмлајн на вести. Па затоа, потребни се дополнителни прилагодувања во поставувањата за навистина да гледаме тоа што нè интересира. Исто така, проблем со тоа имаат и сопствениците на Facebook страниците, кои не разбираат кои објави се појавуваат кај фановите и зошто би требале да платат за промовирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments