Спонзориран текст

Александар Балев, CTO, Proxiad SEE: Креираме долгорочна соработка со нашите клиенти и развиваме стабилни проекти за вработените 

Спонзорирано од Proxiad SEE

во Интервјуа, ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Proxiad SEE успешно работи повеќе од 17 години. Може ли да ни раскажете повеќе околу дејноста која компанијата ја врши?

Proxiad SEE е ИТ компанија, дел од Proxiad Group, француска компанија со 25-годишна историја во ИТ индустријата и 1000+ вработени глобално. Proxiad SEE е создадена во 2005 година и е компанија која моментално брои 250+ луѓе во Југоисточна Европа, со канцеларии во Софија и Пловдив, а наскоро и во Скопје.

Вo Proxiad создаваме dedicated тимови за врвни клиенти, со кои креираме долгорочни и стабилни проекти за нашите вработени. Во моментов, активно работиме за 18 клиенти од најразлични индустрии како procurement, public transport, financial services, property management, healthcare и многу други. 75% од нашите клиенти имаат целосна доверба во нашите услуги повеќе од 5 години, која не прави една од најконкурентната компанија на ИТ пазарот.   Дополнително, во 2021 година, развивме и два продукти: Desk Buddy, систем за хибридно управување на работното место и GROW – систем за менаџирање на кариерен развој – со што успешно преминавме од исклучиво сервисна, во микс од сервисна и продуктна компанија.”

Која е вашата визија за експанзија на компанијата во Македонија?  Споделивте дека планирате да отворите канцеларија до крајот на годината. Дали има и нешто друго што можеме да го очекуваме од Proxiad?

“Долго време размислувавме за географска експанзија, па беше прашање на време кога ќе ја реализираме таа идеја. Забележавме голем потенцијал во Северна Македонија, кој и самите го увидовме со вработувањето на првите наши вработени таму. Македонија изобилува со талентирани ИТ професионалци и самиот факт што успеавме да привлечеме дел од нив, многу нѐ радува. Се стремиме кон голем раст, а отворањето на канцеларија е дел од нашата стратегија да го направиме токму тоа. Proxiad SEE работи според хибриден модел на работа, но сметаме дека е важно да имаме место каде што нашиот тим може да се состанува, да комуницира меѓу себе и да се дружи. Дополнително, како компанија со долгогодишно искуство и стекнато знаење, преку овој чекор сакаме да придонесеме за развојот на ИТ заедницата во земјата.”

Споменавте дека моментално се водите како компанија која од сервисна, преминала во микс од сервисна и продуктна. Може ли да ни раскажете малку повеќе околу тоа?  

Веќе 15 години бевме познати на пазарот како компанија за ИТ услуги. Во 2021 година ги изработивме нашите продукти Desk Buddy и GROW, па така го изменивме и концептот на работа. 

Двата продукти започнаа како алатки за интерно користење, кои ни помагаа правилно да го менаџираме хибридниот модел на работа и управување со кариерниот развој на нашите вработени. Набрзо увидовме дека и други компании се соочуваат со истите проблеми како и ние, па одлучивме да започнеме со претставување на истите алатки како наши продукти. 

“Подетално, Desk Buddy е софтвер кој овозможува user-friendly менаџирање на канцеларискиот простор и резервирање на работно место, со цел полесно управување со канцелариските ресурси. GROW е алатка за управување на кариерниот развој на вработените, преку следење на перформансот, целите и фидбекот за менаџерот и вработениот.”

Раскажете малку повеќе околу технологиите со кои работите. Кои технологии се најзастапени во компанијата? 

Поради нашиот бизнис модел, имаме прилично широк спектар на технологии кои ги користиме. Во моментов најмногу работиме со Java, PHP, React, .NET и Angular, па најчесто нашите отворени позиции се за кандидати со таа експертиза. Креираме комплетно независни тимови кои работат автономно и го опфаќаат целиот software development life cycle, па затоа често имаме потреба и од Product Owners, DevOps и QA Engineers. 

Освен техничките вештини, можете ли да дадете повеќе информации во однос на soft skills кои треба секој кандидат да ги поседува за да е cultural fit за Proxiad SEE?   

Од круцијална важност е на кандидатот да му се допаднат технологиите, методологијата на работа и структурата на проектот во кој би се вклучил. Според мене, некој кој е слободоумен, љубопитен, тимски играч и дружељубив професионалец, многу лесно би се вклопил во компаниската култура и начин на работа. Дополнително, одлично познавање на англиски јазик е задолжително, поради комуникација на дневно ниво со нашите странски клиенти.  

C:\Users\k.stamatova\Downloads\DJI_0300.JPG

Имате ли иницијативи за надоградување на вештините на вашите вработени? Какви образовни иницијативи овозможува Proxiad? 

“Кариерен развој и едукација на членовите на нашиот тим игра клучна улога во успешноста на компанијата – со помош на GROW, внимателно го следиме професионалниот развој на нашите вработени, земајќи ги во предвид нивните очекувања за насоката во која сакаат да се надоградуваат. Proxiad им овозможува на вработените бесплатни сертификати, посети на ИТ конференции, семинари и многу други иницијативи кои ги организираме интерно во компанијата, со цел правилна надградба на вештините.  

Од друга страна, имаме и случаи во кои луѓето сакаат да се пренасочат кон сосема различна професионална насока од нивното досегашно искуство – пример од една во друга позиција, или да направат промена на технологија. Ние секогаш позитивно одговараме на таквите барања и преку развиените внатрешни иницијативи, го поддржуваме и овозможуваме остварувањето на целите на нашите вработени.”

Можете ли да ни ја доловите атмосферата која владее во компанијата?  Тргнете од тоа дека прв пат се среќаваме со Proxiad и немаме никаква информација за вас.

“Наместо да ви дадам тривијален одговор, всушност би сакал да ја споделам мојата приказна со Proxiad. Иако по потекло сум од Бугарија, поголемиот дел од мојот живот го поминав во Франција. Во 2015 година се одлучив да се вратам во Бугарија, земја во која никогаш не сум работел, живеел ниту пак, студирал. Аплицирав во Proxiad, се вработив, но немав идеја што да очекувам. Доживеав културен шок, со оглед на тоа што се преселив во држава во која никого не познавам, но сепак се одлучив да го прифатам предизвикот, а седум години подоцна, мислам дека ја донесов вистинската одлука! На почетокот, не беше лесно, но луѓето што ги запознав во Proxiad ми помогнаа да се пронајдам, адаптирам и да ги научам сите „чудни“ и нови работи за мене, кои беа нормални во Бугарија. Од првиот ден се чувствував добредојдено од колегите, кои до ден-денес можам да ги наречам и свои пријатели со кои често се дружиме и надвор од работното време.”

Последно прашање, кои бенефити Proxiad ги овозможува за своите вработени? 

“За мене, еден од најдобрите бенефити кои ги нудиме е 25-те денови одмор, годишно. Хибридниот модел на работа, исто така овозможува огромна флексибилност во однос на тоа сами да избираме од каде ќе го поминеме работниот ден. Ако се одлучиме за канцеларија – Desk Buddy е секогаш тука да ни го олесни тоа. Како што споменав и во интервјуто, тренинг-програмата, приватното здравствено осигурување, тим билдинзите, дружбите и голем број на едукативни иницијативи се дел од она што нѐ прави една од најкомпетитивните компании на пазарот.  Следењето на кариерниот развој, редовните покачувања, програмата за препораки и бонуси кои ги даваме за проактивноста кога доаѓа од вработените, сметам дека се клучен дел од бенефит-програмата. Бонус на тоа, имаме и External Referral програма, преку која и оние кои не се вработени во Proxiad, можат да си заработат паричен бонус за успешна препорака. 

 Последно нешто, кое не е класичен бенефит, но е огромна поволност, а тоа е можноста да се работи за компанија која е микс од сервисна и продуктна – го вадиме најдоброто од двата модели – динамично опкружување, можност за работа со разновиден спектар на технологии, флексибилност во однос на промена на проект/технологија/позиција, а во исто време стабилност и work-life баланс кој е круцијална улога во нашето секојдневие.”

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Proxiad SEE. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk