Доколку сè уште не сте одлучиле или немате идеја каде да одите на одмор, македонскиот сервис Ајде на одмор, може значително да ви помогне во изборот. Сервисот функционира веќе четири години и соработува со петнаесетина туристички агенции, но тоа што е ново кај нив е што започнаа со онлајн букинг и плаќање.
Ајде на одмор е се во едно па покрај пронаоѓање на сместување во период кој е прифатлив за корисниците, овозможува и онлајн плаќање и со самотот тоа резервација веднаш. Сервисот овозможува куп на функции при пребарувањето, од избор на дата и локација па се до избор на превоз и број на кревети. За жал можеби најголема маана на сервисот е недостатокот на рецензии за местата, пример искуството со сместувањето. Основните податоци за секое сместување се прикажани, но кога станува збор за фотографии од локацијата, изгледот на собите, оддалеченоста од плажата и сличноќ ќе мора да пронајдете на друго место. Ова е важно бидејќи корисничката препорака, како и препорака од пријател, се највлијателните фактори при изборот на сместуваање.
Сепак Ајде на одмор сега има сериозна конкуренција и од надвор. Иако македонскиот сервис работи со ангажмани, сепак за кратки одмори често се коирстат сервиси како Airbnb, популарен и кај македонсктие туристи и кориснии, кој овозможува изнајмување на простор и на единствено еден ден. Поради тоа што сервисот овозможува да ги рипнете агенциите, на крајот може да поминете и поевтино.