Надополнето: „Надеж“ – дали YouTube станува македонскиот Wikileaks?

во ИТ.МК

Низ .мк медиумите се појави афера дека Бранко Црвенковски во 2008 година, додека беше претседател на државата, потрошил 500.000 евра за ангажирање на словенечки ПР консултантски услуги. Од кабинетот на г. Црвенковски првин го демантираа ова велејќи дека изворот не бил официјален и доверлив.

Имено, изворот на аферата е YouTube видео каде се прикажува документ „Надеж“ со анализа од тогашната политичка ситуација. YouTube видеото за кое се зборува е закачено од корисник со име MakMediaTV. кој има закачено уште 2 видеа, за „украинска Анџелина Џоли“ и за „Мир во светот? Вери Дификлт“ со македонската мисица. Гледајќи го тоа, и знаејќи дека на YouTube секој може да прикаже што сака, оваа афера звучи глупаво.

Но… се чини видеото е со вистински документи. Бранко Црвенковски потрошил над 340.000 евра за тројца словенечки консултанти.

Интересно, ова е втора политичка афера која се појавува по објавување на YouTube видео. Првата афера беше со директорот на пазарна инспекција, Сашо Аќимовски кој беше разрешен откако на YouTube се појави видео клип када се открива дека тој манипулира со својата позиција.

Кој знае, YouTube може да стане македонскиот Wikileaks, каде анонимни корисници можат да закачат „не-за-јавност“ откритија, нешто што е многу потребно за потранспарентно владеење во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Неми Анонимно
Неми Анонимно
15 years ago

Никаде не се гледа дека ова е автентичен документ. Ова може да е накуцано испринтано/скенирано пред 5 дена. Ако е ова некоја афера јас ќе објавам за цел балкан а не МК. Ми стои како режирано, ништо повеќе, барем ја не видов.

@ViktrArs
15 years ago

Според медиумите [линк погоре], официјално е објавено од кабинетот на претседателот Иванов дека е потрошена одрена сума за ПР. Според мене лично, не гледам кој знае колкава фрка околу тоа што политичарите трошат огромни суми за ПР, вообичаена работа е. Но тоа што е интересно е што сега наместо некој да ги предаде документите на новинари, па да се пишува за тоа, тие [анонимните] ги закачуваат на YouTube кој е за сите да видат суров материјал, па нека судат самите наместо да бидат водени од новинарски текстови. :))

види ги сите огласи на kariera.it.mk